Спорт
30 години од историскиот успех на Црвена Звезда во Бари

Фудбалерите на Црвена Звезда на денешен ден пред точно 30 години го остварија најголемиот клупски успех – ја освоија титулата во Европа.
Тој 29. мај. 1991 година „црвено-белите“ на стадионот „Свети Никола“ во италијански Бари во пенал серијата со 5-3 го совладаа Олимпик Марсеј откако по 120 минути игра беше 0-0.
Капитенот на екипата, голманот Стеван Стојановиќ го одбрани првиот Звезда прецизни беа Просинечки, Биниќ, Белодедиќ, Михајловиќ, а последниот одлучувачки пенал го реализираше Македонецот Дарко Панчев. Во тој ѕвезден состав во дефанзивата незаменлив беше и нашиот Илија Најдоски.
Тренер на екипата беше Љупко Петровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тен Хаг отказот го наплати со пет милиони евра

Челниците на Баер Леверкузен, немаа трпение со Ерик тен Хаг. Му врачија отказ на Холанѓанецот по само 62 дена. Тен Хаг го водеше Баер на три официјални натпревари, вкупно 27 минути.
Ниту еден тренер во историјата на Бундес лигата не добил отказ толку бргу. По тоа Тен Хаг ќе биде запишан во историјата.
Но, Баер ќе мора да го испплати Холанѓанецот, бидејќи договорот еднострано е раскинат.
„Билд“, објави дека Тен Хаг ќе добие обесштетување од 5.000.000 евра. Кога ќе се земе предвид дека седеше на клупата 62 дена, излегува дневно тој заработувал речиси 100.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Карагер: Харизмата, шармот и добриот изглед се причините зошто Аморим се уште не добил отказ

Џејми Карагер има необична теорија зошто Рубен Аморим сè уште не е отпуштен од Манчестер јунајтед и покрај низата катастрофални резултати на „Олд Трафорд“. Поранешната ѕвезда на Ливерпул верува дека харизмата, шармот и добриот изглед на Аморим му помагаат на португалскиот тренер да ја задржи својата работа, пишува „Дејли Мејл“.
Зборувајќи за „The Overlap Fan Debate“, Карагер го објасни својот став.
„Постои голема желба Жозе Мурињо да се врати во англискиот фудбал, а причината е што тој секогаш зборуваше без „влакна“ на јазикот, но тој беше победник. Секогаш се сеќаваме на Брајан Клаф, кога бев дете и тој зборуваше, го слушавте затоа што беше победник.
Всушност, го гледам тоа и мислам дека ако Аморим не беше толку харизматичен на прес-конференциите, ако не беше толку убав маж, можеби ќе ја изгубеше работата многу порано. Кога ќе ги погледнете резултатите, тие се ужасни.“
Статистиката не е во корист на Аморим. Јунајтед ја заврши минатата сезона на разочарувачкото 15-то место во Премиер лигата, го загуби финалето на Лигата на Европа од Тотенхем и лошо ја започна новата сезона.
По поразот на домашен терен од Арсенал (0:1), следеше нерешен резултат со Фулам (1:1), а сето тоа кулминираше со шокантно испаѓање од Карабао Купот по поразот по изведувањето на пенали од членот на четвртата лига Гримсби Таун.
Тие тесно го победија Барнли, со гол од пенал во 97.минута (3:2), минатиот викенд.
Во 46 натпревари на клупата на Јунајтед, Аморим успеа да постигне само 18 победи и е под огромен притисок да ја задржи својата работа.
foto/ index.hr
Спорт
Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити

Џанлуиџи Донарума е последното засилување на Манчестер сити, во летниот преоден рок, потврди англискиот клуб во објава на социјалните мрежи.
Донарума, до неодамна голман на Пари Сен Жермен, пристигна во синиот дел на Манчестер во трансфер вреден околу 35.000.000 евра.
Сити евтино помина бидејќи Донарума влезе во последната година од договорот. Пари Сен Жермен, не сакаше да дозволи по завршувањето на сезоната тој да замине без обесштетување, што им се случи минатото лето со Килијан Мбапе.
Џиџи има само 26 години, а зенитот на неговата кариера допрва треба да дојде. Тој ја освои Лига 1 четири пати, додека еднаш го крена Купот на Франција. Ја освои Европа со „Аѕурите“ во 2021 година, а ја освои и Лигата на шампионите со Парижаните во мај. Потоа беше прогласен за најдобар голман на Стариот континент, сосема заслужено.
Сепак, љубовта пукна и тој не успеа да постигне договор со челниците на клубот од „Паркот на принцовите“ во врска со продолжувањето на соработката.
Потоа Луис Енрике го доведе Лукас Шевалие од Лил како прва опција на голот, а Сити го испрати Едерсон во Фенербахче за да направи место за Донарума.
Италијанецот потпиша петгодишен договор, со плата од 15.000.000 евра во првата сезона, со постепено зголемување во наредните години.
Foto/ Manchester City, X screenshot