Спорт
Де Кетеларе е играч на Аталанта
Белгискиот фудбалер, Шарл де Кетеларе кариерата ќе ја продолжи во Аталанта. Клубот од Бергамо, актуелен освојувач на Лига Европа, реши да го откупи неговиот договор од Милан.
Де кетеларе, пред две лета пристигна во Милан од Клуб Бриж за 36.000.000 евра, но на „Сан Сиро“ не успеа да покаже квалитет.
Следеше позајмица во Аталанта минатото лето, каде одлично се вклопи во системот на Џанпјеро Гасперини. Белгиецот беше важна алка за сите успеси на Аталанта оваа сезона.
Тоа беше доволно клубот од Бергамо да го задржи и да плати 26.000.000 за неговите услуги, додека Милан исто така ќе добие 10 отсто од следната продажба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Германија лесно ја победи Унгарија
Германија е првата репрезентација која избори пласман во нокаут фазата на Европското првенство. Германците, во второто коло во А групата, ја победи Унгарија со 2:0 (1:0).
На стадионот во Штутгарт, Германија без многу напор славеше над Унгарија. Головите беа постигнати во 22. минута од првиот и вториот дел.
Мусијала погоди за 1:0, но впечатокот е дека асистентот Гундоган во зачетокот на акцијата направи фаул.
Гудоган го постигна вториот гол, по акцијата која ја креираа Мусијала и Мистелштатд.
Унгарците имаа свои шанси, но не успеаја да ги реализираат. По вториот пораз во групата, Унгарија остана само со теоретски шанси за пласман во осминафиналето.
Во последното коло, за четири дена, Германија ќе игра против Швајцарија, а Унгарија против Шкотска.
Спорт
(Видео) Албанскте и хрватските навивачи во еден глас: Убиј, убиј, го Србинот
Дуелот меѓу Хрватска и Албанија во второто коло од групата Б на Европското првенство го одбележа и традиционалниот балкански фолклор кога станува збор за навивачите.
Тука не станува употреба на пиротехника, ниту за знамиња со полиитчки пораки.
Од пораките „Косово е Албанија“, преку знамиња со ознаки на УЧК до пораките „FCK Serbia“.
Највпечатливиот момент на трибините се случи некаде во 60 минута, кога албанските и хрватските навивачи скандираа: „Убиј, убиј, убиј го Србинот“.
🇭🇷🇦🇱 Least insane Balkan countries chant "K*ll the Serb!" from the stands during the football match between Croatia and Albania. pic.twitter.com/kzzzoaWPRr
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) June 19, 2024
На крајот сето она што се случуваше на трибините беше зачинето со упадот на голем број албански навивачи на теренот.
Спорт
(Видео) Лудница во Хамбург – Албанија во 95.минута ја шокира Хрватска
Хрватска и Албанија одиграа без победник 2:2 (0:1) во првиот натпревар од второто коло на Европското првенство. Драмата во Хамбург епилог доби во 95.минута кога Ѓасула постигна гол за 2:2.
Албанија првиот дел го заврши со предност, со голот на Лачи во 11.минута. Хрватската одбрана лошо реагираше, а впечаток е дека и Ливаковиќ можеше подобро да реагира. До крајот на полувремето Албанците имаа уште две добри шанси да о зголемат водството, не не ги реализираа.
Во вториот дел Хрватска ја контролираше играта, константно притискаше и успеа во 120 секунди да ги шокира Албанците. Крамариќ изедначи во 74., а Ѓасула во 76.минута постигна авто-гол.
Албанците и покрај начинот на кој што ја загубија предноста не се предаваа, влегувањето на Хоџа и Доку го смени случувањата на теренот.
Токму по акцијата на Хоџа, инаку фудбалер на Динамо Загреб, Ѓасула во 95.минута го постави конечниот резултат.
Во последното коло двете репрезентации ќе влезат со по еден бод. Во последната рунда Хрватска ќе игра против Италија, а Албанија против Шпанија.