Спорт
Абрамович се премислува, Челси може да биде исфрлен од Премиер лигата?

Челси може да биде исфрлен од Премиер лигата следната сезона доколку не успее продажбата на актуелниот европски шампион од Роман Абрамович, кој наводно се премислува за отпишувањето на долгот од 1,6 милијарда фунти што клубот го има директно кон него, тврдат англиските медиуми.
Американскиот милијардер Том Бели е најверојатниот нов купувач на клубот, но сега постои ризик договорот да пропадне откога Абрамович претходно изјави дека ќе се откаже од огромната сума пари што ја вшприцуваше во тимот преку својата инвестициска компанија.
Доколку се исплати овој долг, тоа значи дека тој ќе заработи огромна сума од зделката, нешто што британската влада неколкупати изјавуваше дека е неприфатливо поради санкциите што го одреди кон Русинот.
Според „Дејли мејл“, британската влада јасно порачала на клубот дека има оперативна лиценца до 31 мај и дека договорот мора да биде прифатлив за владата, односно Абрамович да не заработи пари од него.
„Сан“, пак, тврди дека е реална можност Челси да не добие дозвола да настапува во Премиер лигата во 2022/2023 доколку не се склучи договор до 31 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан остана без трофеи, но и без тренер
Партизан вечерва го загуби и вториот трофеј во битката со Црвена Звезда откако е поразен со 2:1 во финалето на Купот на Србија. По ова, тренерот Александар Станојевиќ си поднесе оставка.
„Им кажав на луѓето кои го водат клубот дека ако не освоиме трофеј, нема да бидам тренер следната година. Ги известив играчите во соблекувалната дека повеќе не сум тренер на Партизан“, изјави Станојевиќ на прес-конференција по финалето на Купот на Србија.
Партизан има многу поплаки за загубениот шампионски пехар, смета дека Црвена Звезда била фаворизирана во првенството на Србија.
Спорт
Дембеле ја напушта Барселона и се сели во Париз
Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, одлучил да замине од „Камп Ноу“ и ќе ја прифати понудата на Пари Сен Жермен да се пресели во Париз како слободен агент, открива „АС“.
Францускиот интернационалец кажа „не“ и за најновата понуда за нов договор со Барселона и планира да си замине на истекот од јуни. Речиси сигурно негов следен клуб ќе биде ПСЖ.
Дембеле треба да му се придружи на својот соиграч од француската репрезентација, Килијан Мбапе, а заедно со Лионел Меси да формираат ново напаѓачко трио.
Спорт
Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.
„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.
Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.
Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.