Спорт
Абрамович со тужба за тврдењата дека го купил Челси по наредба на Путин
Газдата на Челси, Роман Абрамович, поднесе тужба за клевета против издавачот „Харпер колинс“ за книгата „Луѓето на Путин“, во која се изнесуваат „многу неточни информации“ за рускиот бизнисмен.
Во книгата на авторката Кетрин Белтон има тврдење на Сергеј Пугачев дека Абрамович го купил Челси во 2003 година од Кен Бејтс по лична наредба на рускиот претседател Владимир Путин. 54-годишниот Абрамович бара задоволување на суд.
„Денеска, моите претставници почнаа легална процедура во Англија за книга што беше објавена во Обединетото Кралство, во која има лажни и штетни изјави за мене и за моите активности со Челси. Никогаш не сум имал желба да градам јавен профил и досега сум избегнувал коментари, но ова има штетно дејство не само врз мене туку и врз Челси“, се вели во објавата на Абрамович објавена на веб-страницата на Челси.
Рускиот милијардер Пугачев уште во 2018 година пред Врховниот суд во Лондон изјави дека лично Путин го наредил купувањето на Челси, но го загуби овој случај.
Абрамович исто така се жали на изјавата на покојниот руски олигарх Борис Березовски, кој тврдеше дека Абрамович ги застрашувал своите поранешни партнери да му ги продадат акциите во нафтната компанија „Сибнефт“. Абрамович во 2012 го тужеше Березовски и го доби на британски суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

