Спорт
Аца Петровиќ и Раѓа во жестока расправија: Дино ли најде да зборува за дисциплина
Неуспехот на Хрватска да се пласира на Светското првенство во кошарка предизвика многу дискусии кај ветераните на оваа репрезентација, а особено жестоки беа Ацо Петровиќ и Дино Раѓа.
Хрватска беше претпоследна во групата со силните Литванија и Италија, но и просечните Полска, Унгарија и Холандија, кога забележа само четири победи. Петровиќ, поранешниот селектор на Босна и Херцеговина и Бразил и брат на легендата Дражен Петровиќ, го смета Раѓа за одговорен како дел од стручниот совет на хрватската федерација.
„Постои само претседател на стручниот совет кој прави сè и ги носи сите одлуки. Тој на времето само ми кажа: ’Океј, ти си тој’. Кога пред 10 години го уништи Сплит, веќе нема потребен квалитет да биде на тоа место. Ред, работа и дисциплина. За тоа зборуваше Раѓа. Тоа ли е истиот Раѓа кој во 1998 за квалификациски натпревар во Славонски Брод спиеше во хотел со пет ѕвездички во Загреб и секој ден со автомобил одеше на тренинг? Тоа ли е ред, работа и дисциплина“, обвинува Петровиќ.
Раѓа не остана покус.
„Со таков лик не ми паѓа на памет да се пресметувам преку медиумите. За моите квалитети и референци ќе зборува некој како Ацо? Знам што му пречи. Во 2017 кога доживеавме дебакл против Русија во осмина-финалето, тој беше селектор. Цело лето тренинзите му траеја по 45 минути. Што знае тој што се случуваше во 1998? Од кај тој би го знаел тоа?“, одговори Раѓа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

