Спорт
Ацо Петровиќ „крена раце“, Цибона ќе престане да постои?
Поранешниот тренер и кошаркар на Цибона, Ацо Петровиќ вели дека се откажува од обидот да го спаси славниот загрепски клуб, заблагодарувајќи се на тие кои донирале средства.
Петровиќ, братот на легендарниот Дражен Петровиќ, формираше групација „Ние сме Цибона“ (МСЦ), во обид да собере средства и да го спаси клубот, но вели дека од неговиот проект нема ништо, откако Цибона ги ослободи сите кошаркари од своите договори поради долгот од 5 милиони евра.
„Бидејќи Цибона и понатаму оди по ист пат, акцијата за спас на клубот МСЦ ги престанува своите активности и се заблагодарува на сите кои донирале пари. Тој ќе биде вратен до крајот на месецот“, напиша Петровиќ.
Потоа во интервју за хрватски „Индекс“ тој ја објасни ситуацијата, со планот клубот да се претвори во акционерско друштво, а доверителите да станат акционери.
„Двете страни ги искажаа своите позиции, кои се спротивни. Тие одат по истиот пат, а јас не добив дозвола уплатените пари да ги префрлам на здружението на граѓани“, додава Петровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пикси: А зошто да не ги нападнеме Англичаните?
Фудбалската репрезентација на Србија, вечерва во Гелзенкирхен, ќе дебитира на Европските првенства под ова име. Србите, во Д групата за противник ја имаат селекцијата на Англија.
Во Србија за разлика од Светското првенство во Катар, нема некоја голема еуфорија. Целта е да се помине групата, во која уште се Данска и Словенија.
„Многу сум порелаксиран, помирен во споредба со Катар. Верувам, ги чувствувам и играчите… Тогаш имавме мала болница со нас, сега е многу подобро“, рече српскиот селектор, Драган Стојковиќ и дополни.
„Зошто да не ги нападнеме Англичаните? Ја почитуваме моќта на Англија, Србија нема да чека и да гледа како игра еден од фаворитите на првенството. Ќе се обидеме да одиме напред, офанзивно. Го познавам тимот, би било глупо да не го знам. Убеден сум дека играчите ќе дадат се од себе за да ги испочитуваат договорите. Исто така го знам и англискиот тим, но тука ќе го оставам Саутгејт да зборува“.
Дуелот Србија-Англлија во Гелзенкирхен ќе започне во 21 часот.
Спорт
(Видео) Шоу на Јокиќ и Марјановиќ во Сомбор
Српските кошаркари Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ знаат како да го искористат времето по завршувањето на напорната сезона во НА лигата.
Центарот на Хјустон, Марјановиќ, дел од одморот реши да помине во Сомбор кај актуелниот МВП во НБА лигата.
Тие двајца уживаа претходната вечер со песните на Ана Бекута.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа дека двајцата, во доцните часови лудо се забавуваат во една кафеана во Сомбор.
Јокиќ наскоро ќе започне со подготвките за Олимписките игри, од друга страна Марјановиќ не доби повик од селекторот на Србија.
Nikola Jokić i Bobi Marjanović u provodu uz Anu Bekutu 😅🕺🏼
📍Meanwhile in Sombor, Serbia pic.twitter.com/6SbDBYhH2t
— Flouter (@FlouterNET) June 15, 2024
Спорт
Три нови натревари на ЕП, дербито е во Гелзенкирхен
Третиот ден ЕУРО 2024 носи три нови натпревари, два во Ц и еден во Д групата.
Програмата ќе ја отворат две репрезентации од групата Д. Тоа се Холандија и Полска. Двете репрезентации од 15 часот ќе го започнат натпреварот на стадионот Фолкспарк во Хамбург.
Вториот натпревар ќе започне во 18 часот. Првиот меч во Ц групата ќе го одиграат Словенија и Данска. Натпреварот се игра во Штутгарт.
Последниот натпревар ќе се одигра во Гелзенкирхен. Од 21 часот силите ќе ги одмерат Србија и Англија.