Спорт
Ацо Стојков е нов спортски директор на Академија Пандев

Ацo Стојков ја презема функцијата спортски директор во македонскиот прволигаш Академија Пандев. Поранешниот репрезентативец на Македонија, како и фудбалер со голема интернaционална кариера, од денес влегува во раководните структури на клубот.
Струмичанецот беше дел и од тимот на Академија Пандев кој го освои Купот на Македонија за сезона 2018/19.
„Навистина сум почестен со шансата што ми е дадена и сакам да се заблагодарам на Горан Пандев за тоа што ме препозна мене како човек кој може да допринесе многу во развојот на една нова модерна фудбалска приказна. Без да должам со детали, кои секако наскоро ќе и бидат презентирани на македонската јавност, само ќе кажам дека партнерството на Академија Пандев со италијанската Брера Холдинг допринесе дополнително да ја прифатам понудата за спортски директор, бидејќи се работи за еден визионерски проект, и план за издигнување на ниво погоре во работењето и организацијата на клубот во иднина. Во периодот кој следува етапно ќе ги презентираме и новите засилувања кои ќе бидат дел од нашиот пролетен тим. Целта е една, да излеземе од опасната зона и што порано да го обезбедиме опстанокот, а потоа мирно да го приведеме првенството при крај. Секако и максимално ќе се посветиме на изградба на структурата која ќе ја крене Академија Пандев на следно ниво“, изјави новиот спортски директор Ацо Стојков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Свилар ангажирал тим адвокати за да се врати во репрезентацијата на Белгија

Талентираниот голман, со спрско потекло, Миле Свилар вложува максимални напори за да добие можност да игра за белгиската репрезентација, а во врска со тоа, ангажираше тим адвокати кои ќе работат на тоа ФИФА да му излезе во пресрет и да му дозволи да брани за Блегија, земја во која е роден.
Голманот на Рома игра во животна форма, минатата сезона беше прогласен за најдобра во Серија А. Сега сака да игра за земјата во која е роден и од каде што потекнува неговата мајка. Неговиот татко е славниот Миле Свилар, поранешен репрезентативец на Југославија.
Поради ова, Свилар ангажираше тим адвокати кои ќе му помогнат со правните работи, со оглед на тоа што беше член на српската репрезентација.
„Газета дело Спорт“, која ја објави информацијата, пишува дека Свилар е убеден дека постои „дупка“ што адвокатите ќе ја најдат и ќе ја искористат за неговото враќање во белгиската репрезентација, за која играше во помладите категории.
Во септември 2021 година, Свилар дебитираше за сениорската репрезентација на Србија во пријателски натпревар против Катар, но потоа се предомисли.
Факт е дека Србија долго време немала толку многу квалитетни кандидати за прв голман на репрезентацијата, и затоа на Сливар не би му било загарантирано место меѓу првите 11.
Foto/ EPA
Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.