Спорт
Адеми и Ристовски против Тотенхем, Манчестер јунајтед ќе се соочат со Милан
УЕФА, во своето седиште во Нион, попладнево ги одреди двојките за осмина-финалето, во Лига Европа. Несомнено дека дерби на оваа фаза е пресметката на поранешните европски шампиони Манчестер јунајтед и Милан. Динамо Загреб, во чии редови играат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, за противник го доби Тотенхем.
Ждрешката во Нион реши Паоло Фонсека да ја предводи Рома против својот поранешен клуб Шахјтјор и овозможи реприза на осмина-финалето од минатата сезона, кога Олимпијакос во два драматични натпревари го елиминираше Арсенал.
Осмина-финални двојки во Лига Европа:
Ајакс-Јанг Бојс
Динамо Киев-Виљареал
Рома-Шахтјор
Олимпијакос-Арсенал
Динамо Загреб-Тотенхем
Манчестер јунајтед-Милан
Славија Прага-Глазгов Ренџерс
Гранада-Молде
Натпреварите од оваа фаза во Лига Европа на распоредот ќе бидат на 11 и 18.март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Динамо среде Сплит го победи Хајдук

Фудбалерите на Хајдук и Динамо го одиграа првото дерби во сезоната. Во седмото коло од СуперСпорт ХНЛ на „Пољуд“ во Сплит, екипата од Загреб победи со 2:0.
Головите за победа на „модрите“ ги постигнаа Арбер Хоџа во 44-та минута, кога ја зеде топката на околу 30 метри од сопствениот гол, се упати кон голот на Хајдук и го заврши одличниот соло пробив со удар од работ на шеснаесетникот за 0:1.
Точка на натпреварот и Монсеф Бакрар во 81-та. Тој му ја одзеде топката на Шимун Хрговиќ, се помести неколку метри, а потоа со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот ја заби топката под пречката.
Со оваа победа, Динамо се искачи на врвот на табелата во ХНЛ со 16 бода, три повеќе од второпласираниот Хајдук.
Foto/ jutarnji list
Спорт
(Видео) Милитао и Мбапе за нов триумф на Реал

Реал има максимален учинок во Ла Лига, победи на сите пет натпревари.
По Осасуна, Овиедо, Мајорка и Сосиедад, Реал победи и против Еспањол, иако гостите пружија солиден отпор на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал го победи Еспањол со 2:0 и му го нанесе првиот пораз на тимот од Барселона.
Само еднаш во првото полувреме Реал шутираше во рамката на голот на Еспањол, Едер Милитао го направи тоа во 22-та минута по додавањето на Валверде, но неговиот проектил заврши зад грбот на Дмитровиќ.
Este ángulo del golazo de Militão es espectacular.
Miren el zapatazo del defensa brasileño para abrir el marcador en el Bernabéu ante el Espanyol.
No es lo suyo marcar goles, pero qué importante es que Militão esté a buen nivel.pic.twitter.com/oS47YDtSju
— Helena 🇮🇨 (@HdeHelena_RM) September 20, 2025
Од тој момент натпреварот влезе во ритамот што го сакаше Реал, а веќе на почетокот на второто полувреме, односно во 47-та минута, Мбапе го дуплираше водството, по асистенција од Винисиус.
Mbappe’s goal from this angle is driving me crazy
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) September 20, 2025
Спорт
Американската шатафета испадна во полуфиналето, ИААФ им дозволи да се натпреваруваат во финалето

Скандал над скандалите ќе го обележи Светското првенство во атлетика во Токио. Американската штафета 4 x 400 метри за мажи заврши шеста во првата полуфинална група, 12-та во генералниот пласман и испадна од конкуренција за финалето. Сепак, Светската атлетска федерација (ИААФ) волшебно одлучи да им даде нова шанса на олимписките и светските шампиони.
Беше одлучено дека во недела наутро, Американците ќе се натпреваруваат за место во финалето со Кенија, која го освои четвртото место во таа група, и дека во финалето, наместо осум ќе трчаа девет штафети.
Сè станува уште покомплицирано ако се знае дека Кинезите беа пред Американците, а тие не се споменуваат никаде во пресрет на финалето.
Сè започна со тоа што Американците речиси се судрија со штафетата на Замбија во втората измена, каде штоатлетичарот од Замбија не беше воопшто виновен. Сепак, по трката беше одлучено да се дисквалификува Замбија. Тоа не ја промени многу позицијата на Американците сè додека не беше објавена неверојатната одлука на Светската атлетска федерација.
Не е јасно според кои критериуми им е дозволено на Американците да добијат уште една шанса, во трка во која јасно ќе ја победат Кенија. Кина, која беше само една стотинка зад Кенија, никој не ја есапи. Во комбинација не е ниту Јапонија, која во втората група имаше подобро време од Америка за повеќе од една секунда.
Срамна одлука, која е спротивна на сите правила на спортот и атлетиката. Враќањето во игра на штафетата што беше 12-та во генералниот пласман на патеката е недозволиво и не може да се најде никакво оправдување за таа одлука.
Сега повторно ќе се полемизира дека за Американците важат поинакви правила, од оние што се применуваат за сите останати.
Фото/ Принтскрин