Спорт
Адеми се повреди, Ристовски доби црвен картон, Динамо не успеа да го победи Хајдук
Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2:2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо.
Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, но Хајдук израмни во 31. минута со автоголот на Бартол Фрањиќ. Ронаел Пјер-Габриел му донесе ново водство на актуелниот хрватски шампион со голот во 48. минута.
Хајдук имаше играч повеќе од 66. минута бидејќи Стефан Ристовски доби црвен картон, а предноста од еден човек ја искористија во 91. минута кога Филип Кровиновиќ постигна гол за израмнување. Во 11.минута од судиското надополнување на времето, црвен картон кај Динамо доби и Галешиќ.
Покрај Ристовски, мечот на „Максимир“ го започна и упте еден поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој поради повреда го напушти теренот во 28.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сабонис ќе отсутвува поради проблем со тетивата

Кошаркарот на Сакраменто, Домантас Сабонис, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако ја истегна тетивата на натпреварот против Хјустон.
Сакраменто објави дека најдобриот скокач во лигата оваа сезона ја истегнал левата тетива и дека следната недела повторно ќе ја објават состојбата на Сабонис.
Сабонис се повреди ноќта меѓу саботата и неделата на натпреварот против Хјустон (113:103).
Оваа сезона Сабонис во 56 натпревари има просек од 19,5 поени, 14,1 скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Спорт
Фонсека исклучен, се скара со судијата, му се заканува седуммесечна суспензија

Лион на домашен терен го совлада Брест со 2:1 во 24. коло од францускиот шампионат. Кени Лала ги доведе гостите во водство во 15. минута, а Лион направи пресврт благодарение на двојниот стрелец Александре Лаказет, кој погоди во 24. и 82. минута.
Во петтата минута од судиското надополнување, тренерот на Лион, Пауло Фонсека, доби црвен картон откако жестоко протестираше на одлуките на судијата Беноа Мило.
Откако доби црвен картон Фонсека полуде, му се внесе во лицето на судијата и врескаше, играчите за момент го оддалечија, но тој веднаш се сврте и тргна во нов вербален напад.
По завршувањето на натпреварот Фонсека се извини пред камерите на „DAZN“.
„Се извинувам за моето однесување, не требаше да реагирам на ваков начин. Фудбалот нè наведува да правиме работи кои се погрешни. Се извинувам”, изјави Фонсека, кој го наследи Пјер Саше на клупата на Лион на крајот на јануари.
На пет натпревари има три победи и два порази, а неговиот тим е на шестото место во Лига 1.
Францускиот медиум „RMC“, пишува дека Фонсека се соочува со суспензија до седум месеци, во зависност од тоа што ќе пишува во конечниот извештај и дали експресното извинување ќе ја ублажи казната.
Спорт
(Видео) Доминација на Луис Суарез во Хјустон

Интер Мајами без Лионел Меси, но со Луис Суарез забележа убедлива победа во Хјустон 4:1.
Уругвајскиот ветеран директно учествуваше во головите на Интер. Најпрвин забележа хет-трик со асистенции, за головите на Сеговија (два) и Аљенде.
Во 79.минута Суарез го постигна првиот гол оваа сезона, со што ја комплетираше брилијантната партија.