Спорт
Адријано се разведува по 24 дена брак, а причина се Бразил и Мундијалот

Поранешниот бразилски репрезентативец Ардијано (40) се разведе по 24 дена брак со фризерката Михаела Мескито, објави „Екстра Глобо“. Тие неколку дена објавуваа заеднички фотографии на Инстаграм, а во текот на еден викенд во октомври планираа забава за пријателите и семејството.
Сепак, според бразилските медиуми, Адријано и Мескита сериозно се скарале откако поранешниот член на „кариоките“ отишол да ги посети пријателите во Пења, место во јужниот дел на Бразил, за да го гледа натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија на Светското првенство во Катар.
По ова тој два дена не се вратил дома и не бил достапен за својата нова сопруга. Откако се вратил, настанала голема расправија и престанале да се следат на социјалните мрежи.
Адријано пристигна во Интер во 2001 година, а во наредните пет години се избори за статус на еден од најдобрите напаѓачи во Серија А. Го нарекуваа „Император“.
Сепак, брзо следеше пад на формата, предизвикан од повредите и смртта на неговиот татко. Тој призна дека станал зависен од алкохол, во кој нашол утеха откако татко му починал. Официјално ја заврши кариерата во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евертон ќе го именува Шон Дајш за нов менаџер

Англискиот стручњак Шон Дајш ќе биде новиот менаџер на Евертон, кому му претстои тешка битка за опстанок во Премиерлигата. Откако му се заблагодарија на Френк Лампард за соработката, челниците на Евертон почнаа да бараат негов наследник.
Нивниот прв избор беше Марсело Биелса, но според островските медиуми не постигнале договор со поранешниот тренер на Лидс, па се насочиле кон други решенија.
Одлуката е донесена, Дајш до крајот на денот треба да биде именуван на клупата на славниот англиски клуб.
Дајш го водеше Барнли од клупата во изминатите десет години, а беше и на кормилото на Вотфорд.
Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфинале на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.
Спорт
Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбал: Македонија ЃП загуби од Берое

Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбалски натпревари на подготовките во Анталија. И покрај дел од бугарските клубови кои одбија да играат, сепак, денеска беше одигран меч меѓу Македонија ЃП и Берое.
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби од бугарскиот тим Берое со 3:2.
Кристијан Стојковски донесе водство за Македонија ЃП, а на почетокот на второто полувреме Берое израмни преку Вини Трибуле.
Во 80. минута Дамјан Јорданов се погрижи за пресврт, а потоа Трибуле постигна втор погодок за 3:1. Конечниот епилог го постави Славков.