Спорт
(Видео) Ајакс го декласира Бешикташ, Викторија однесе бод од Франкфурт, Рома испушти победа против Атлетик
Фенербахче, Ајакс, Ренџерс, Лион забележаа победи во првото коло во Лига Европа. Брага со гол во 96.минута го комплетираше пресвртот против Макаби Тел Авив, а во драматичен меч во Франкфурт, Викторија се врати по минусот од два гола и со гол во 93.минута избори реми 3:3 против Ајнтрахт.
Ајакс целосно го надигра Бешикташ во Амстердам, поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто.
Првиот гол го постигна во 31. минута Киан Фиц-Џим. Во 51. минута Мика Готс погоди на асистенција на Бертранд Траоре, а само три минути подоцна Кенет Тејлор по додавањето на Брајан Броби го зголеми резултатот на 3:0. Точка на натпреварот стави Мика Готс во 73. минута кога погоди за 4:0.
Во следното коло Ајакс е домаќин на Славија Прага, додека Бешикташ го пречекува Ајнтрахт Франкфурт.
Резултати:
Малме – Ренџерс 0:2 (0:1)
/Бајрами 1, МекКоусленд 76/
Фенербахче – Унион Сент Жилоа 2:1 (1:0)
/Сојунџу 26, Бургес 82 – Сајкс 90+3/
Ајнтрахт Франкфурт – Пилсен 3:3 (1:1)
/Екитике 38, Ебимбе 62, Кристенсен 67 – Шулц 41, Аду 86, Џемелка 90+3/
Брага – Макаби Тел Авив 2:1 (0:1)
/Брума 88, 90+6 – Давида 30пен/
Рома – Атлетик Билбао 1:1 (1:0)
/Довбик 32 – Паредес 85/
ФЦСБ – РФС Рига 4:1 (2:1)
/Бирлигеа 8, Стефанеску 32, Олару 58, 69 – Липушек 23/
Лион – Олимпијакос 2:0 (0:0)
/Шерки 65, Бенрама 71/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

