Спорт
Ајакс ја одби првата понуда за Таљафико
Ајакс ја одби првата понуда што за левиот бек Николас Таљафико ја испратиле од Атлетико Мадрид. Клубот од „Ванда Метрополитано“ за аргентинскиот репрезентативец понудил 14 милиони евра.
Таљафико во јануари 2018 година за сума од четири милиони евра пристигна во Ајакс од Индепендиенте. 26-годишникот беше стандарден во репрезентацијата на Аргетина на Светското првенство во Русија, каде што „гаучосите“ беа елиминирани во осмина-финалето од Франција (2:4).
Тој неодамна одбил да попише нов договор со Ајакс, што е јасен сигнал дека е подготвен за трансфер во друг клуб.
Атлетико се подготвува за реконструкција на одбраната. Тренерот Диего Симеоне ќе остане без двајцата играчи што ја покриваат позицијата лев бек. Лукас Ернандез за рекордна сума од 80 милиони евра замина во Баерн Минхен, а 33-годишниот Фелипе Луис нема да добие нов договор.
Изборот на Симеоне е сонародникот Таљафико, но понудената сума не ги задоволува апетитите на клубот и менаџерот на фудбалерот.
„Доставија понуда, ние не ја прифативме, сметаме дека сега е вистинскиот момент да направи исчекор во кариерата. Ќе видиме што ќе се случува на пазарот. Сè уште не сме разговарале за цифрата, но Ајакс секако ќе бара значителна сума. Претпоставувам, повеќе од 20 милиони евра“, рекол менаџерот на фудбалерот, Рикардо Шпилер.
Шпекулациите се дека Ајакс ќе прифати сума помеѓу 22 и 25 милиони евра, што за Атлетико нема да претставува никаков проблем.
Покрај Атлетико, интерес за Таљафико наводно покажале Барселона и Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

