Спорт
Ајверсон: Брајант и Џордан се најдобри во историјата, Леброн е зад нив

Поранешниот МВП во НБА, Ален Ајверсон изјави дека според него Мајкл Џордан и Коби Брајант се пред сите во историјата на кошарката.
Ајверсон гостуваше кај новинарката Рејчел Николс, која го потсети на една анегдота од периодот кога тој активно играше во лигата, односно со опсесијата на Брајант како може најдбро да го чува.
Една вечер Ајверсон во дресот на Филалделфија, против Лејкерси на Брајант постигна 35 поени. Коби полудел по натпреварот, во хотелската соба го скршил телевизорот, фрлал столици и друг мебел, а потоа целосно се посветил на гледање на снимките на Ајверсон за да д може полесно да го чува.
„Никогаш не сум видел играч кој е посветен на постигнување цели и изавршување задачи како што беше Коби Брајант. Затоа секогаш велам дека Мајкл Џордан и тој се над сите во кошарката. Леброн е дефинитивно зад нив”, изјави Ајверсон.
Во 2001 година, Ајверсон беше прогласен за МВП на регулерниот дел од сезоната и таа сезона ја предводеше Филаделфија до финалето на НБА, каде што славеа ЛА Лејкерс на Брајант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кардозо од Бетис се сели во Мадрид

Џони Кардозо постигна договор со Атлетико Мадрид и го напушти Бетис, со кого играше во финалето на Конференциската лига минатата година.
23-годипниот репрезентативец на САД, со „јорганџиите“ ќе потпише четиригодишен договор, клубот од „Бенито Виљамарин“ ќе инкасира околу 30 милиони евра од овој трансфер.
Покрај него, Диего Симеоне се надева дека наскоро договор ќе потпише и Алекс Баена од Виљареал. За еден од најдобрите асистенти во ЛА лига, Атлетико ќе плати 55 милиони евра.
Спорт
Првиот пик на драфтот Далас го искористи за Купер Флег

Далас Маверикс го избраа првиот избор на драфтот како што се очекуваше, а улогата на носител на тимот ќе ја преземе Купер Флег. Минатата сезона стручњаците во САД најмногу внимание му посветија на крилениот играч од Универзитетот Дјук.
За Купер Флег се вели дека е „генерациски талент“. Во Далас треба да биде прва ѕвезда и заштитно лице на франшизата по заминувањето на Лука Дончиќ. Далас го испрати Дончиќ во ЛА Лејкерс во замена за Ентони Дејвис во февруари оваа година.
Овој 18-годишник висок 206 см ги покриваше двете крилни позиции во НЦАА првенството и имаше многу значајна улога во тимот кој стигна (само) до полуфиналето оваа година по рекорд од 35-4 во лигашкиот дел.
Флег, за само една сезона во Дјук ја освои секоја можна индивидуална награда, а во просек постигнуваше 19,4 поени, 7,5 скока, 4,2 асистенции и 1,4 блокади и украдени топки.
Сан Антонио го избра Дилан Харпер како втор избор.
Неодамнешниот бек на Универзитетот Рутгерс изјави дека негова цел ќе биде да ја продолжи низата од последователни сезони во кои играч на Спарс е именуван за добитник на наградата за најдобар дебитант во НБА, откако Стефон Касл и Виктор Вембањама ја освоија наградата во последните две сезони.
Филаделфија го избра Ви Џеј Еџкомб како трет пик, Шарлот го искористи четвртиот пик на Кон Нупел, додека Јута го избра Ејс Бејли со петтиот пик.
Вашингтон го искористи шестиот пик на Трео Џонсон, Њу Орлеанс го избра Џеремаја Фирс како седми пик, додека Бруклин го избра рускиот плејмејкер Јегор Демин како осми пик.
Торонто го избра Колин Мареј-Бојлс со деветтиот пик, Хјустон го искористи десеттиот пик на Каман Малуак, додека Минесота го избра центарот на Цедевит Олимпија, Французинот Жоан Беранже, како 17-ти пик.
Бруклин избра дури пет играчи, со што го собори рекордот по број на пикови за време на првата рунда од драфтот во НБА. Втората рунда од драфтот ќе се одржи ноќта помеѓу четврток и петок.
Спорт
(Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривера и Интер

Синоќа, фудбалерите на Интер ја елиминираа Ривер Плата од Светското клупско првенство. Аргентинците тешко се помирија со фактот дека нема да го продолжат натпреварувањето.
Нероаѕурите победија со 2:0 во директен дуел за пласман во нокаут фазата на турнирот во САД.
Италијанскиот гигант го реши натпреварот во судиското продолжение, а Ривер го заврши натпреварот со двајца играчи помалку.
На теренот беше многу напнато во текот на сите 90 минути, со бројни груби стартови и вербални дуели на теренот, а сè ескалираше во финишот на натпреварот.
¡MONTIEL EXPULSADO! ¡ACUÑA RECALIENTE!
¡Explotó la tensión en el momento en el que River dijo adiós al Mundial de Clubes! 🔥@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/CiBfMeylNw
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 26, 2025
Тепачката меѓу играчите започна непосредно пред последниот свиреж, по што сè „експлодираше“.
Маркос Акуња и Дензел Дамфрис физички се пресметаа, а потоа беа разделени од бројни други фудбалери и членови на стручниот штаб, и сите заедно истрчаа кон соблекувалната. На влезот во соблекувалната, навивачите на Ривер фрлаа разни предмети кон Дамфрис, а не е познато што се случило во тунелот.
CUATRO HOMBRES AGARRANDO A ACUÑA 🤯
Y DUMFRIES SIENDO DESPEDIDO CON LANZAMIENTO DE PALOS 😱TREMENDO FINAL DEL INTER 🆚 RIVER PLATE @FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/OFe1FpBGjK #FIFACWC #TakeItToTheWorld
🔗 https://t.co/SAzl1Q3bcE pic.twitter.com/eREHHHy4iI
— DAZN España (@DAZN_ES) June 26, 2025
Поради поразот, Ривер остана на третото место во Групата Е со четири бода и испадна од Светското првенство, додека мексиканскиот Монтереј се пласираше во нокаут фазата заедно со Интер.