Спорт
Академија Пандев ќе ја пречека Лехија Гдањск на стадионот на ФФМ

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА, тимот на Академија Пандев, ќе биде домаќин на Лехија Гдањск на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ. Мечот е закажан за в четврток, со почеток во 17 часот.
Академија Пандев ги пушти во продажба и билетите за овој меч. Цената изнесува 200 денари.
На првиот меч, Лехија Гдањск обезбеди предност од 4:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем е подготвен да го потпише Езе

Еден од играчите што е во фокусот од почетокот на преодниот рок е Еберечи Езе. Најдобриот играч на Кристал Палас долго време се поврзува со Арсенал, но и Тотенхем е во игра.
Тотенхем сериозно започна со кампањата за трансферот на офанзивениот играч од средниот ред. Покрај ова, Тотенхем работи и на трансферот на Савињо од Манчестер сити.
Дуоката во редот за врска се отвори со заминувањето на Сон и повредат на Медисон.
Според медиумите, Езе е заинтересиран да се пресели во Тотенхем. Тој им кажа на клупските челници дека сака да игра во Лигата на шампионите. Наводно откуната клаузула во договорот на Езе изнесува 68 милиони фунти.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Навивачите се бесни – пивото поскапе на „Олд Трафорд“

Навивачите на Манчестер јунајтед влегоа во нова „војна“ со клупските челници.
Откако неодамнешното зголемување на цените на билетите веќе предизвика протести и незадоволство, сега навивачите ги удвоија своите жалби поради уште еден удар врз нивниот џеб.
Имено, клубот ја зголеми цената на пивото на „Олд Трафорд“ за 51 отсто.
За време на пријателскиот натпревар помеѓу Јунајтед и Фиорентина (1:1) во саботата, навивачите беа непријатно изненадени на продажните места за пијалоци.
Цената на шише пиво „Карлинг“ се зголеми за 30 проценти, од 4,40 на 5,70 евра, додека цената на чаша пиво „Мадри“ скокна за дури 51 процент, на 6,65 евра.
Ова зголемување на цените, кое оди подалеку од самите бројки, дополнително го поттикна незадоволството кај навивачите кои сметаат дека овие зголемувања на цените се прекумерни и неоправдани.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Портер: Мојот брат е коцкар, а јас ги сакам жените

Новиот кошаркар на Бруклин Нетс, Мајкл Портер Јуниор, откри интересна работа од својот живот.
Портер Јуниор е неодамнешниот ас на Денвер Нагетс и одличен шутер кој му помогна на тимот од Колорадо да го освои шампионскиот прстен во 2023 година со победата над Мајами Хит во големото финале.
Сега Нагетс се впуштија во нов тим билдинг и го испратија Портер во Бруклин, а Камерон Џонсон дојде во Денвер.
За време на новата епизода од неговиот подкаст „Curious Mike“, Портер зборуваше за суспензијата на неговиот брат Џонтеј поради обложување и ја надополни целата ситуација.
„Секој има различни пороци. Секој е има проблем со нешто друго. Некој ќе има проблем со алкохол, некој со дрога, а мојот брат, на пример, е коцкар. Мојот порок е различен, отсекогаш сум ги сакал жените. Кога се оддалечувам од Бога, кога не се молам и кога Тој не ми е приоритет, тогаш ѓаволот го наоѓа своето место во ликот на жена“, рече Портер.