Контакт

Спорт

Академија Пандев со два пенали го „урна“ Работнички за прво место

Објавено пред

Академија Пандев по второто коло во македонската Прва лига се наоѓа на првото место со 4 поени, колку што имаат и Шкупи, Ренова и Струга, откако во вечерниот меч со 2:0 го совлада Работнички постигнувајќи два гола од пенал во второто полувреме.

Стрелец на двата гола за струмичкиот клуб беше Мартин Мирчевски, во 73. минута и во 86. минута од мечот за три поени на тимот на Александар Васоски, кој во следното коло гостува на Тиквеш. Работнички дома го пречекува тимот на Струга.

Фото: ФК Работнички



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Левандовски: Немам желба да се докажувам во друга лига

Објавено пред

И покрај шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер надвор од Баерн Минхен ова лето, полската ѕвезда Роберт Левандовски вели дека не чувствува желба да се докаже во друга лига откако ја доби наградата „Златна копачка“ како најдобар европски стрелец.

Левандовски пристигна во Минхен од Борусија Дортмунд во 2014 година, и сезоната 2020/21 му беше неверојатна – тој постигна 41 гол во 29 меча во Бундеслигата и покрај тоа што пропушти цел месец поради повреда. 33-годишниот Полјак исто така го надмина рекордот на герд Милер со најголем број на голови во една сезона во Бндеслигата и првпат во кариерата ја освои „Златната копачка“ со 11 гола пред Лионел Меси (минатата сезона во Барселона).

„Не гледам потреба да се докажувам во друга лига. Се натпреварувам со најдобрите клубови од другите лиги во Лигата на шампионите. Стоотстотно сум посветен на Баерн Минхен и не размислувам за ништо друго освен за мојот тим. Тука сум и долго време ќе бидам тука. Возраста не е важна. Јас сум како добро вино и се надевам дека ќе бидам и подобар“, изјави Левандовски.

Прикажи повеќе...

Спорт

Унгарците добија нова суспензија – два меча без публика по мечот со Англија

Објавено пред

ФИФА им одреди два меча без публика и казна од 300.000 швајцарски франци на Унгарската фудбалска федерација (МЛСЗ) поради расистичките навреди кон англиските фудбалери на бурниот квалификациски меч на 2 септември во Будимпешта.

Унгарците ќе го играат следниот домашен меч без публика, додека вториот меч е условен во период од две години, откако Рахим Стерлинг и Џуд Белингам беа поздравувани со мајмунски извици, а тимот беше исвиркан пред стартот на мечот.

„По анализата на случувањата на мечот, посебно поради сериозноста на инцидентите (расистички навреди, фрлање објекти, палење факли, блокирање на скали), дисциплинскиот комитет на ФИФА одлучи МЛСЗ следните два меча да играат без публика, од кои вториот условно во период од две години. ФИФА останува посветена на отфрлањето на било кој вид на расизам и насилство, како и навреди за фудбалерите“, се вели во одлуката на ФИФА.

Англија и Унгарија во вербална „војна“, ФИФА најави истрага

Прикажи повеќе...

Спорт

Џоркаеф: Цела Франција го мрази ПСЖ

Објавено пред

Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, легендата на францускиот фудбал, освојувачот на златото од 1998 година, Јури Џоркаеф отворено зборуваше за статусот на неговиот поранешен клуб Пари Сен-Жермен, оценувајќи дека освен страствените фанови, сите други го мразат ПСЖ.

За разлика од другите француски клубови, ПСЖ е релативно нов клуб, основан во 1970 година од група француски бизисмени кои сакаа да направат силен тим од престолнината, а клучен човек во основањето беше и поранешниот претседател на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабеу, кој им дал совети за организирање. Тој факт за релативно мала историја, и секако, тоа што доаѓаат од главниот град, го прави тимот омразен кај ривалите.

„Јас бев една година во ПСЖ и имавме добар тим, кој го освои Купот на победниците на купови, прва континетална титула на клубот. Имаше шест-седум репрезентативци. Се сеќавам и кога мојот татко играше таму, тоа беа почетоците на ПСЖ, а ‘Паркот на принцовите’ се градеше тогаш. Мојот брат и јас игравме фудбал на теренот и следниот ден бевме на насловната на ‘Л’Екип’ со порака – ‘Принцовите на Паркот на принцовите’. Таа фотографија секогаш ја носам со мене. ПСЖ е млад клуб, да, но има одлича ДНК и е одлично место за играње фудбал. Но, кога играш за ПСЖ, се бориш против остатокот од Франција. Луѓето навистина го мразат ПСЖ. Шпанија е поделена помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Во Франција има луѓе кои го сакаат Олимпик Марсеј, но тие кои не се навивачи на ОМ, не ги мразат, туку не им е грижа. Истото е и со Лион. Но, не со ПСЖ, ПСЖ го мразиш ако не си нивни навивач. Тоа е уникатно“, вели Џоркаеф.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 минута

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово и повика...

Македонија1 час

Стоев кон Вархељи: Бугарија е конзистентна, Северна Македонија да покаже политичка волја за надминување на разликите

Бугарија ја задржува својата позиција за европска интеграција на Република Северна Македонија, која произлегува од декларацијата на Националното собрание од...

Македонија2 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија3 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија5 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија8 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија8 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет9 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион9 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет10 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија10 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет21 час

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет21 час

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија1 ден

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија1 ден

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија1 ден

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија1 ден

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет1 ден

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Досие