Спорт
Ако Јувентус ја формира Суперлигата, клубот ќе биде исфрлен од Серија А

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, не се откажува од планот за основање на европската Суперлига. Јувентус, Реал и Барселона се носители на овој проект. Неодамна, Ањели, најави дека европската Суперлига наскоро ќе стане реалност.
Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина, се закани дека Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А, доколку биде формирана европската Суперлига.
„Тој договор помеѓу клубовите е хипотетички, но доколку се оствари, Јувентус сигурно ќе биде исфрлен од Серија А“, рекол Гравина и дополнил.
„Суперлигата е погрешен одговор на вистинскиот проблем. Италија мора да најде начин како лигата да на направи атрактивна за публиката надвор од Европа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
РК Вардар им се заблагодари на браќата Њокас, Тото, Валчак…(ФОТО)

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Тиквеш, шестмина ракометари на „црвено-црните“ добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во редовите на македонскиот првак.
На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и на Диало Бакари, раководството на Вардар им посака многу успеси во натамошната кариера.
Вардар со денешниот триумф против Тиквеш и официјално ќе ја прослави новата шампионска титула, а на полувреме води со 18:10.
Спорт
Валверде: За трофејот од ЛШ би дал се, дури и сопругата

Уругвајскиот интернационалец Федерико Валверде толку многу посакува да го освои пехарот во Лигата на шампионите, што би се сложил и да го размени за својата сопруга Мина Бонино. Играчот за врска на Реал Мадрид се пошегува дека е подготвен да ја „жртвува“ сопругата за успех во големото финале против Ливерпул.
„Што би дал за трофејот во Лигата на шампионите? Се, освен син ми… Можеби би ја дал и жена ми, хахах… Ова не е шега! Немате секој ден можност да играте во финалето и се би дал за да го освојам. Се надевам дека в сабота ќе се радуваме и дека ќе го кренам трофејот“, изјави Валверде.
Неговата сопруга Мина Бонино е аргентинска спортска новинарка и ја прифати шегата на Валверде.
Спорт
Претставен авион во чест на Диего Марадона

Мал приватен авион посветен на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, беше претставен во Буенос Аирес На презентацијата на авионот присуствуваа ќерките на Марадона, Далма и Џанина.
Авионот наречен „Танго Д10С“ е мал авион со 12 седишта и е дизајниран како летечки музеј во чест на славниот Аргентинец, кој почина од срцев удар во ноември 2020 година.
На трупот доминира ликот на Марадона како го бакнува трофејот на Светското првенство, кој го освои со Аргентина во 1986 година, а неговиот лик се наоѓа и на опашката. Авионот е украсен со боите на аргентинското знаме, и со слики на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
На крилјата на авионот има слики од двата гола што Марадона ги постигна во четвртфиналето на Светското првенство против Англија (2:1), од кои првиот беше наречен „Божја рака“, а вториот се смета за еден од најубавите голови на сите времиња.
Навивачите кои ќе патуваат со овој авион ќе можат да му остават порака на Марадона и да комуницираат со него преку вештачка интелигенција.
„Мислам дека ова е одлична идеја, бидејќи тој е најдобриот играч во историјата. Ова Светско првенство ќе ни биде прво без Марадона, многу ни недостига, но тој е секогаш тука за нас. Ние играчите од генерацијата 1986 секогаш зборуваме за него и се сеќаваме како не водеше до освојувањето на Светското првенство“, изјави поранешниот аргентински репрезентативец Серхио Батиста.
Компанијата која го финансираше проектот „Дај и добиј“ изјави дека првично ќе нуди приватни летови само во Аргентина, а идејата е авионот да патува до Мексико, Неапол и Дубаи, места кои бае важни за животот на Марадона.
Авионот ќе отпатува за Катар на Мундијалот, а потоа ќе биде ставен на аукција, парите ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.