Спорт
Ако не најде нови газди, Дерби каунти ќе престане на постои

Еден од најстарите фудбалски клубови во светот се наоѓа пред згаснување. Дерби каунти до 6 февруари мора да најде нови газди, во спротивно клубот ќе престане да постои. Клубот има долг од 60.000.000 фунти.
На почетокот на сезоната, поради финансиски неправилности, Фудбалската асоцијација на Англија му одзеде на Дерби каунти 21 бод. И покрај тоа, менаџерот Вејн Руни и неговите фудбалери се борат на теренот, го надоместија минусот, сега се во плус од 15 поени, односно дојдоа на седум бода од безбедната зона.
Сепак, во прашање е иднината на клубот.
Клубот основан во 1884 година двапати бил шампион на Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчини по 10 години се враќа во Серија А
Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини фигурира како прв фаворит за преземање на тренерската функција во Рома следната сезона, пишуваат медиумите на Апенините.
Спортскиот директор на „волчицата“, Флоран Гизолфи наводно добил потврда од сегашниот тренер Клаудио Раниери дека ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната Раниери се врати од пензија за да му помогне на саканиот клуб.
Изминативе денови се интензивираа шпекулациите дека Рома преку претставници на клупските челници стапила во контакт со поранешниот тренер на Интер со намера да му го довери раководењето на тимот следната сезона.
Одлуката да се фокусира на Роберто Манчини произлегува од желбата на раководството на Рома да му го довери тимот на домашен тренер со искуство во Серија А и на меѓународно ниво.
Манчини е без работа откако се раздели со репрезентацијата на Саудиска Арабија минатата есен.
За него, работата во Рома би била негова прва во клупскиот фудбал по осум години, кога го предводеше рускиот клуб Зенит Во текот на неговата тренерска кариера, Манчини постигна бројни успеси, вклучително и освојувањето на Премиер лигата со Манчестер сити во 2012 година и титулата Европски шампионат со Италија на ЕП во2020 година.
Последниот ангажман на Манчини во Серија А беше во Интер, кој го напушти летото 2016 година. Од италијанските клубови ги водеше и Лацио и Фиорентина.
Со Интер, тој во три наврати го освои Скудетото, а додаде и два трофеи во Копа Италија и еден во Суперкупот. Тој исто така освои по една титула во Копа Италија со Лацио и Фиорентина.
Спорт
Милан нема да му понуди нов договор на Ернандез

Тео Ернандез е означен како виновник број еден за елиминацијата на Милан од Лигата на шампионите. Се чини дека исклулчувањето против Феенорд во реваншот за пласман во осминафиналето клупските челници нема да му го простат.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Милан нема да му понуди нов договор на францускиот репрезентативец. Неговиот договор истекува следното лето, па може да се очекува да си замине на крајот од сезоната.
Клубот тогаш може да заработи нешто за Французинот, кој имаше одлични игри за време на неговиот шестгодишен мандат во Милан и се наметна како еден од најдобрите леви бекови во светот.
Но, во последните 18 месеци квалитетот на неговите настапи драстично опадна, а почна да прави и глупости на теренот,како што се неразбирливи дефанзивни киксови, црвени картони, недисциплина, па дури и отворено непочитување кон тренерот.
Милан претходно решително ги одби понудите за левиот бек. Но, сега приказната се менува, а клубот ќе мора да прифати помалау сума за Ернандез. Милан минатото лето можеше да заработи околу 60 милиони евра за левиот бек, за кого на Реал пред шест годони му плати 23 милиони евра. Сега, според проценките клубот може да се надева најмногу на сума од 30 милиони евра.
Од друга страна, треба да се види како ќе се однесува Ернандез. Знаејќи дека за една година може слободно да преговара со други клубови, можеби ќе одлучи да остане на „Сан Сиро“.
Спорт
Хамилтон: Имаме сè што ни потребно да ја освоиме титулата

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон уверен е дека неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула.
„Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победнички тим. Тимот има се што е потребно за да ја освои шампионската титула. Треба само да се вклопат сите работи”, изјави Хамилтон за „Скај 2“.
Хамилтон, кој има вкупно седум титули во Формула 1, од Мерцедес се пресели во Ферари, каде ќе вози заедно со Шарл Леклер.
„Никој не вели дека сме совршени. Мораме да се подобриме, но тимот не остава ништо на случајноста. Овој тим има неверојатна историја, има победнички менталитет во својата ДНК“, додаде тој.
Хамилтон возеше за Мерцедес во изминатите 12 сезони и освои шест титули.
„Ферарито е различно. Штом ќе го облечете костумот, ќе влезете во гаражата, ќе ја ставите кацигата и ќе седнете на седиштето, чувствувате неверојатна страст. Сè е возбудливо. Како дете сонував да возам за Ферари и сè уште се не можам да поверувам дека ова навистина се случува”, изјави Хамилтон.