Спорт
Ал Хилал не го раскина договорот со Нејмар
Пред нешто повеќе од шест месеци Нејмар дресот на Пари Сен Жермен го замени со дресот на Хилал.Пред нешто повеќе од шест месеци Нејмар дресот на Пари Сен Жермен го замени со дресот на Хилал.
За новиоѕ клуб, во кој доби огромна плата, одигра само неколку натпревари и се повреди.
Кога стана јасно дека Нејмар нема да може да игра до крајот на оваа сезона имаше шпекулации дека Ал Хилал го раскинал договорот со Нејмар.
Сепак, таа приказна, барем според новинарот Фабрицио Романо, не е вистинита.
„Ал Хилал не го раскина договорот со Нејмар. Веста што се појави беше отфрлена како лажна. Ал Хилал само направи место во тимот за Ренан Лоди како странски играч на местото на Нејмар кој нема да може да игра до крајот на сезоната, но потоа ќе се врати во тимот“.
Ал Хилал по 19 кола е лидер на шампионатот во Саудиска Арабија, со 53 бода, седум повеќе од Ал Наср на Кристијано Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Паолини втора финалистка на Ролан Гарос
Италијанката Јасмин Паолини го оставри најголемиот успех во кариерата. Та се пласира во финалето на Ролан Гарос. За титулата, во сабота, ќе се бори со Ига Швјонтек.
Паолини по 75 минути игра ја совлада младата Русинка Мира Андреева со резултат 6:3, 6:1.
Паолини стана првата Италијанка во финалето на Грен слем по Флавија Пенета и Роберта Винчи во 2015 година.
Инаку, Јасмин одигра исклучителен натпревар. Во првиот сет и беше доволен еден брејк кој го постигна во четвртиот гем 6:3.
Уште повеќе го зголеми ритамот во вториот сет, во вториот сет не му даде шанса на тинејџерското вундеркиндје од Русија бидејќи трипати брејка, во третиот, петтиот и последниот, седми гем.
Спорт
Англија без Мегваер и Грилиш на ЕУРО 2024
Герет Саутгејт, селекторот на репрезентацијата на Англија, реши да изостави две имиња од списокот на играчи за ЕП 2024.
Според островските медиуми, во тимот нема да има место за дефанзивецот Хари Мегваер и за офанзивниот играч за врска Џек Грилиш. Претходно Саитгејт го тргнал од списокот и Џејмс Медисон.
Оваа одлука на селекторот е неочекувана, особено кога станува збор за Мегваер. Играчот на Манчестер јунајтед беше станадрен во националниот тим и кога играше лошо во клубот.
Според медиумите повредата на потколеницата е причината поради која Мегваер нема да оди во Германија.
Поголемо изненадување е отсуството на Џек Грилиш, од редовите на шампионот Манчестер сити.
Тој играше на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина (3:0), па не се знае зошто Саутгејт решил да го остави дома.
Се верува дека Саутгејт ќе ги пречкрта и имињата на Кертис Џонс, Џерел Кванза, Џарад Брентвејт, и Џејмс Трафорд до утре, кога треба да го достави конечноиот список.
Инаку, Англија е во групата Ц со Србија, Данска и Словенија.
Спорт
(Видео) Тежок инцидент на трката Критериум де Дофин, повредени 50 велосипедисти
Петтата етапа од еднонеделната трка Критериум де Дофин беше прекината по големиот инцидент кој учествуваа околу 50 велосипедисти.
Меѓу нив беа и Словенецот Примож Роглич, член на тимот на Бора и Белгиецот Ремко Евенепул од Саундал Квикстеп.
Етапата долга 167 километри се возеше по тешка и лизгава патека.
Се се случило на 20-ина километри пред целта, а по масовниот судир немало доволно медицински возила за да се пружи помош, па организаторите морале да реагираат.
Етапата е откажана, нема да има етапен победник и во конечното време нема да се смета резултатот од оваа етапа.
Она што засега е познато е дека меѓу оние кои биле пренесени со амбулантни возила биле и Ван Барле и Крујсвијк.
Ремко Евенпул по овој инцидент изјавил дека „ова е црн ден за велосипедизмот“.
⏪ La chute la descente de la côte de Bel-Air qui a entrainé de très nombreux coureurs et la neutralisation complète de l'étape.
⏪ The crash on the descent of the côte de Bel-Air which involved a large number of riders and led to the complete neutralisation of the stage.… pic.twitter.com/blRfrlhBio
— Critérium du Dauphiné (@dauphine) June 6, 2024