Спорт
Ал-Наср му нуди 60 милиони евра годишно на Зинедин Зидан за да седне на клупата

Ал-Наср, саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо, не застанува во потрагата по нов тренер, откако се раздели со Руди Гарсија. Ќе се обиде да го привлече Зинедин Зидан, со неверојатна понуда од 60 милиони евра за годишна плата.
Намерата на клубот е повторно да ги обедини Роналдо и Зидан кои освојуваа трофеи во Реал Мадрид.
Во моментот, Хрватот Динко Јеличиќ е на кормилото на тимот како привремено решение по отказот за Руди Гарсија. Ал-Наср е второпласиран на табелата во Саудиска Арабија со три бода заостанување зад лидерот Ал-Итихад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпија Милано го потврди трансферот на Чанчар

Влатко Чанчар, долгогодишен кошаркар на Денвер Нагетс и словенечката репрезентација, ќе игра во Евролигата следната сезона.
Како што беше официјално потврдено во вторникот, крилниот кошаркар ќе биде новиот член на Олимпија од Милано.
Чанчар ја започна својата кариера во Словенија во Олимпија од Љубљана, а во 2016 година се пресели во Белград, каде што играше за Мега две сезони.
Во март 2018 година, замина во Шпанија, каде што играше за Бургос до крајот на сезоната 2018/19. (имаше просек од 10,2 поени и 3,8 скока по натпревар).
На НБА драфтот во 2017 година, тој беше избран од Денвер Нагетс како 49-ти пик, а во НБА пристигна во 2019 година и остана до сезоната 2024/25.
Во тој период, тој одигра вкупно 143 натпревари во регуларниот дел од сезоната и 15 натпревари во плејофот, вклучувајќи ја и сезоната 2022/23, кога Нагетс го освоија шампионатот.
Со сениорската репрезентација на Словенија, Чанчар го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година, играше на Олимписките игри во Токио во 2021 година (12,8 поени по натпревар), како и на Европското првенство во 2022 година (11,3 поени по натпревар).
Спорт
Џака го одби Милан за да се врати во Премиер лигата

Гранит Џака ќе го напушти Баер Леверкузен во актуелниот преоден рок. Џака го поврзуваа со Милан и Фенербахче, но тој ги изненади сите со изборот на новиот клуб. Наредната сезона ќе го носи дресот на повратникот во Премиер лигата, Сандерленд!
Сандерленд конечно се врати во Премиер лигата и има главна цел на клубот е да го задржи статусот во елитата, а Џака сигурно ќе биде голем поттик во таа кампања.
Веста за договорот со Сандерленд ја потврди и неговиот менаџер Хозе Ногера.
„Постигнавме принципиелен договор со Сандерленд. Гранит сака да се врати во Премиер лигата. Сандерленд беше многу привлечен од него и сака да го прифати овој предизвик. Се надеваме дека Леверкузен ќе ја почитува неговата желба да замине и дека клубовите наскоро ќе постигнат договор“, рече тој.
Швајцарецот има 33 години и има договор со Баер до летото 2028 година.
Спорт
Шпанија во последната секунда избори пенал серија, па се пласира во финалето на СП

Шпанија, потешко од очекуваното, стана првиот финалист на Светското првенство во Сингапур. Во полуфиналето, актуелниот европски шампион ја победи Грција со 11:9 (3:2, 3:1, 0:1, 1:3, 4:2).
„Црвената Фурија“, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за прв пат од 2022 година, кога ја освои титулата. Исто така со оваа победа Шпанија обезбеди медал, петти пат по ред на светските првенства, што никој досега не успеал да го направи.
Стрелци за Шпанија беа: Санахуја три, Гранадос два, Бустос и Минураз по еден, додека головите за Грција ги постигнаа: Генидуњас и Гилас по два, Пурос, Аргиропулос и Џуветис по еден.
Грците се самоуништија во финишот, откако ја стигнаа и престигнаа предноста на Шпанија од четири гола, дозволија да примат гол во последната секунда. Мунариз го изедначи резултатот (7:7), а потоа голманот Унаи Рубио блесна во пенал серијата, одбрани два пенали и ја одведе својата селекција во финалето.
Се чинеше дека клучниот момент на натпреварот се случи во третата минута од втората четвртина. Кога Шпанците водеа со 3:2, Калвогеропулос направи „бруталити фаул“, Шпанците добија пенал и четири минути игра со играч повеќе. Шпанија водеше со 6:2, а кога Грција се комплетираше, водството на Шпанија беше 6:3. Тој резултат им даде шанса на Грците да се вратат во играта и со одлична одбрана го сторија тоа. Ја оставија Шпанија речиси 19 минути без постигнат гол.
Во третиот дел, Грција се приближи на минус два. Во последната минута, Гранадос беше исклучен со право на замена.Шпанците паднаа во играта, останаа без вистински решенија во нападот.
Грците се кренаа и на средината од последниот дел израмнија преку Пурос на 6:6. На помалку од две минути пред крајот, Гилас постигна гол за водство од 7:6, за одлична грчка серија од 5:0.
За последниот напад, Шпанија имаше само четири секунди, а Мунариз успеа да погоди.
Во изведувањето на пенали, Шпанците беа непогрешливи. Унаи Рубио ги одбрани ударите на Скумпакис и Какарис.
Вториот финаист ќе биде познат по дуелот меѓу Србија и Унгарија.
Фото/ Принтскрин