Спорт
Ал Наср не сака да патува во Иран
Фудбалскиот клуб Ал-Наср не сака да патува во Иран на натпреварот со Естеглал од Лигата на шампионите во АФЦ, пренесува „Марка“.
Според овој извор, клубот стравува за безбедноста поради тензичната ситуација на Блискиот Исток.
Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал е закажан за 22 октомври во Техеран.
Саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо е на четвртото место на табелата на Западната конференција со четири бода по две кола. Иранскиот тим има бод помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вучиќ: Се срамам кога играчите на Звезда губат со 4:0, а велат…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ при своето обраќање до медиумите на отворањето на обиколницата околу Горњи Милановац се осврна и на поразот од Црвена звезда во Милано.
Не е тајна дека српскиот претседател е голем навивач на Црвена звезда.
Зборувајќи за политички теми, Вучиќ во еден момент се префрли на фудбалот и нагласи.
„Срам ми е кога играчите на Звезда губат со 4:0, а велат дека не се фасцинирани од оние што ги победиле“.
Оваа реакција на Вучиќ се однесува на изјавата на капитенот Урош Спајиќ, по убедливиот пораз од Интер во Милано во 2. коло од Лигата на шампионите.
Вучиќ во живо го следеше првиот натпревар на Црвена звезда оваа сезона во Лигата на шампионите против Бенфика.
Спорт
Ибрахомовиќ си подари „ферари“ од еден милион евра
Златан Ибрахимовиќ, може да се каже, знае како да живее…
Легендарниот напаѓач во четврток на 3. октомври го прослави својот 43 роденден, а најубавиот (и најскапиот) подарок го доби од Златан Ибрахиновиќ.
Возниот парк на поранешниот шведски репрезентативец е побогат за црно „Ferrari SF90 XX Stradale“ вредно речиси еден милион евра.
Овој модел, кој е произведен во само 799 примероци, има импресивни технички можности.
За Ибрахимовиќ ваквиот начин на прославување на роденденот стана традиција во последните пет години.
Happy Birthday to Zlatan pic.twitter.com/QuB09DILDg
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 3, 2024
Спорт
Суарез поради Биелса се повлекол од националниот тим
Луис Суарез жестоко го критикуваше селекторот на уругвајската репрезентација Марсело Биелса и ги замоли навивачите да не им се лутат на играчите „ако нешто тргне наопаку“. Биелса минатиот мај го презеде Уругвај, а Суарез ја напушти репрезентацијата пред неполн месец.
Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, стрелец на повеќе од 500 гола (постигна 195 за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 34 за Атлетико…) го делат помалку од четири месеци до неговиот 38-ми роденден. а за два месеци му истекува договорот со Интер Мајами.
Најавувајќи го своето збогување со репрезентацијата, тој рече дека жали поради тоа и додаде: „Имам мои причини, но тешко, многу тешко“.
Тој се повлече од репрезентацијата како играч кој постигнал најмногу голови за Уругвај (69), а само Диего Годин има повеќе настапи од (143, Годин 161). Со Уругвај играше на четири светски првенства (2010, 2014, 2018, 2022), а во 2011 година со репрезентацијата ја освои Копа Америка.
Во интервју за телевизиската емисија „De fútbol se habla así“, Суарез кажа многу повеќе од претходно, па истакна дека има нови правила во комплексот на Уругвајскиот фудбалски сојуз. Според нив, вработените немаат право ниту да се поздравуваат со играчите. Со Биелса сè тргна надолу многу брзо, веќе на Копа Америка.
„Имаше ситуации кои ме повредија, но поради добрата атмосфера не сакав јавно да зборувам за нив. Неколку играчи одржаа состанок за да побараат од него барем да не поздрави. Добро утро не кажуваше кога ќе се појаваше”, откри Суарез.
„Биелса кажува убави работи на печатот, а кога бевме во Њујорк, еден ден ни забрани дури и да се поздравуваме со луѓето“, рече Суарез и откри дека разговарал со Биелса пред да се повлече од репрезентацијата:
„Разговаравме пет минути. Јас ги претставував играчите. На крајот од разговорот тој само ми рече: „Многу ти благодарам“. Ги молам луѓето да не им судат играчите ако нешто тргне наопаку. Биелса ги подели“.
Марсело Биелса е познат во фудбалскиот свет по прекарот Ел Локо или Лудиот. Тој е легендарен тренер, иноватор и револуционер и еден од највлијателните тренери на сите времиња. Пеп Гвардиола го смета за гуру, а имаше големо влијание и врз Диего Симеоне и Маурисио Покетино.