Спорт
(Видео) Албанија испадна во Ц дивизијата, Турција ќе игра бараж за пласман во А дивизијата
Заврши фазата по групи во третата сезона во Лигата на нации. Последното коло донесе луда завршница во Б дивизијата.
Албанија која во пресрет на последното коло имаше шанси за пласман во А дивизијата, на крајот испадна во Ц дивизијата.
Албанците загубија од Украина во Тирана со 1:2, а во исто време Чешка ја победи Грузија со 2:1.
Ваквиот расплет ја искачи Чешка на првото место, Украина е втора и ќе игра бараж за пласман во А дивизијата, Грузија ќе игра бараж за опстанок во Б дивизијата, а Албанија испадна во Ц дивизијата.
Слично сценарио имаше и во Групата 4. Црна Гора ја изненади Турција, ја забележа првата победа во Лигата на нации и на тој начин му овозможи на Велс да го освои првото место.
Никола Крстовиќ, напаѓачот на Лече со три гола ја урна Турција во победата 3.1. Во исто време Велс славеше со 4:1 над Исланд и го освои првото место во групата. Турција ќе игра бараж за пласман во А дивизијата, Исланд баража за опстанок во Б дивизијата, а Црна Гора се сели ранг подолу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ди Марија: Мурињо секогаш 100 отсто стои зад своите играчи
Анхел Ди Марија, полека се ближи кон крајот на кариерата. Легендата на Аргентина, во опширно интервју проговори за трите години во Реал Мадрид. Посебно ја истакна работата со Жозе Мурињо.
„Играв како левото крило од детството и тоа беше така се додека не дојдов во Реал Мадрид, потоа се преселив на спротивната страна и морав да најдам ново место за себе. Мурињо не мораше ништо да каже, игравме во систем 4-3-3 и тешко беше да се избориш за позицијата лево крило покрај Гонзало Игуаин. Затоа бев принуден да ја сменам страната, на крајот ми се допадна и до денес останав на десната страна“, рече Ди Марија и потоа откри каков однос имал со Мурињо.
„Мурињо е неверојатна личност. Тој 100 отсто стои зад своите играчи, до крај. Ако му враќаш на ист начин, тој и живот ќе го даде за тебе. Да… имавме три извонредни години во Реал“.
Спорт
Касано: Раниери не е тренер за Рома
Антонио Касано ги критикуваше потезите на сопствениците на Рома, кои решија да го вратат Клаудио Раниери на клупата откако Иван Јуриќ доби отказ. Касано која играше за Рома од 2001 до 2006 година, смета дека враќањето на Раниери на клупата на Рома не е тоа што му треба на клубот.
Раниери во својата долга тренерска кариера ги предводеше Каљари, Наполи, Фиорентина, Атлетико Мадрид, Валенсија, Челзи, Парма, Јувентус, Интер, Монако, грчката репрезентација, Лестер, Нант, Фулам, Сампдорија и Ватфорд. Освои осум трофеи, но само еднаш беше национален шампион, кога со аутсајдерот Лестер во 2016 година сензационално ја освои Премиер лигата.
Тој се пензионираше минатата година, кога изјави дека само понудите од Рома и Каљари можат да го извлечат од пензија. Го доби тоа што го сакаше и по Жозе Мурињо, Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ стана четврти тренер на Рома во оваа календарска година.
„Фридкин не разбираат дека луѓето во Рим не се глупави. Направија хаос и кога сфатија дека народот е лут и околината е отруена, решија да ангажираат некој кој ќе ја смири ситуацијата. Многу го почитувам Раниери, тој е вистински господин, но да бидеме искрени и да се потсетиме дека тој самиот рече дека е готов и дека повеќе не сака да биде тренер“, изјави Касано.
„Тој носи мир, но на Рома и треба нешто друго , победник со кој таа може да ја планира својата иднина. Раниери веќе зборува како да има некоја друга извршна функција во клубот“, додаде тој.
Спорт
Македонија во третиот шешир ги чека противниците во квалификациите за пласман на СП
По завршувањето на овој циклус во Лигата на нации познато се шеширите за ждрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Фудбалската репрезентација на Македонија, како што и претходно беше познато, ждрепката на 13.декември во Цирих ќе ја чека од третиот шешир.
Во третиот шешир се и Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Финска, Грузија, Исланд, БиХ, Северна Ирска, Црна Гора, Израел. Макеоднија со овие репрезентации неможе да се сретне во квалификациите.
Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Португалија, Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија.
Втор шешир: Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Србија, Грција, Романија, Словачка, Норвешка, Чешка.
Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови, Литванија
Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино
Патот низ квалификациите нема да биде лесен бидејќи само првото место гарантира пат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.