Спорт
Албон го уништи болидот на Торо Росо (Видео)

Инцидентот што го предизвика возачот на Торо Росо, Александер Албон, го обележа третиот слободен тренинг, во пресрет на трката за Големата награда на Кина.

Младиот возач, дебитант во Формула 1 се заби во заштитната ограда, откако на стартно-целниот правец изгуби контрола врз својот болид.
Возачот ќе ги пропушти квалификациите, а утрешната трка ќе ја започне од последната позиција.
Albon thumps into the wall as FP3 draws to a close
Great to see him walk away ?
Toro Rosso will need a minor miracle to get the car ready for qualifying ?#ChineseGP ?? #Race1000 pic.twitter.com/guBKgi7AlH
— Formula 1 (@F1) April 13, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Муричи си даде автогол, промаши пенал, па и донсе победа на Мајорка во 97.минута

Фудбалерите на Мајорка го совладаа Еспањол со 2:1 (0:0) во 28. коло од шпанската Ла Лига.
Еспањол поведе како гостин во 53. минута. Ведат Муриќи со автогол му донесе предност на Еспањол.
Само 10 минути подоцна Муриќ можеше да ја исправи грешката, но во 63. минута промаши пенал за израмнување.
Само 120 секунди подоцна, Такума Асано сепак успеа да го изедначи резултатот. Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат се до судиското надополнување.
Се играше 97. минута кога Муриќ конечно успеа да ги поправи сите грешки од овој меч, бидејќи овојпат искористи пенал и и донесе победа на Мајорка.
Спорт
Ван Бастен за контроверзниот пенал на Атлетико: УЕФА има обврска да ја исправи грешката

Се уште траат дебатите од неверојатната ситуација за време на пенал рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Во втората серија беше поништен голот на Хулијан Алварез. Според ВАР собата, Аргентинецот двапати ја допрел топката.
Реал Мадрид на крајот победи, од Атлетико не ја прифаќаат одлуката, сметаат дека се оштетени. Многумина од фудбалскиот свет се на нивна страна. Во саботата се огласи легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен, смета дека Атлетико е оштетен..
Тој вели дека не видел втор допир од Алварез за време на ударот.
„Јас не сум навивач на Реал Мадрид или Атлетико. Хулијан Алварез еднаш ја допре топката. УЕФА има обврска да го поправи тоа“, изјави Ван Бастен, кој моментално е вработен во ФИФА како директор за технички развој.
Како доказ за своите тврдења објави две видеа од спорниот момент, од два агли.
Спорт
(Видео) Халанд влезе во историјата на премиер лигата, Сити се сопна против Брајтон

Манчестер сити по ремито со Брајтон (2.2), полека го губи чекорот во борбата за четвртото место. Сити остана на петтото место со 48 бода, еден повеќе од „Њукасл (натпревар помалку) и Брајтон.
Првиот гол на натпреварот одигран на „Етихад“, во Манчестер во 11. минута го постигна Ерлинг Халанд. Норвежанецот успешно го реализира пеналот и на тој начин му донесе водство на својот тим. Набргу по тој гол, Еступинан погоди од слободен удар на другата страна, израмнувајќи го резултатот на 1:1. Во 39. минута Омар Мармуш повторно погоди за Сити, а на почетокот на вториот дел Абдукодир Хусанов си постигна автогол со што го постави конечниот резултат.
голот што го постигна во 11.минута влезе во историјата на Премиер лигата. Стана играч на кого му били потребни најмалку натпревари кој достигнал 100 гола и асистенции.
Норвежанецот, играјќи за Сити, го постигна овој подвиг во 94 натпревари, шест помалку отколку што му требаше на претходниот рекордер Алан Ширер. Зад Халанд останаа и големи имиња како Ерик Кантона, Мохамед Салах, Серхио Агуеро и Тиери Анри.
Erling Haaland makes more Premier League history 👏
His goal against Brighton gets him to 100 goals and assists faster than any other player! pic.twitter.com/8B9RnGlR9x
— Premier League (@premierleague) March 15, 2025
Резултати:
Евертон- Вест Хем 1:1
Ипсвич-Нотингем Форест 2:4
Саутемптон-Вулверхемптон 1:2