Спорт
Алборг со голема победа кај Монпелје се зацврсти на првото место

Данскиот Алборг стигна до 31:33 победа на гостувањето кај Монпелје, нанесувајќи му го третиот пораз едноподруго на францускиот клуб и зацврстувајќи се на првото место на табелата во групата А во ЕХФ Лигата на шампионите, додека Вардар „паузираше“ откако ЕХФ го суспендираше белорускиот Мешков Брест од натпреварувањето.
Алборг имаа апсолутно доминантно прво полувреме во Франција, кое го добија со 20:14, за потоа во второто полувреме да го изддржат притисокот на домаќините за 10. победа во 13 кола во Лигата на шампионите. Феликс Клар беше убедливо најефикасен за гостите со 10 гола, додека за Монпелје не беа доволни совршените 8-од-8 на Иго Деска.
Унгарскиот Пик Сегед, претходно, победи со 27:24 на гостувањето во Норвешка кај Елверум за да се искачи на второто место на табелата во истата група, каде што Вардар останува на петтото место.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Елверум – Пик Сегед 24:27 (12:13)
Монпелје – Алборг 31:33 (14:20)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));
ГРУПА Б
Флензбург – Порто 26:26 (14:13)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-37565”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Двајца искусни возачи се поврзуваат со Кадилак Ф1

Новиот тим на „Кадилак Ф1“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре.
Во 2026 година, „Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“.
Дебито ќе се случи во моментот кога ќе стапат во сила новите технички правила, а проектот е заеднички потфат помеѓу „Џенерал моторс“ и „ТВГ“.
Греам Лоудон беше назначен за шеф на тимот, додека во меѓувреме беа донесени голем број искусни лица од други тимови на Ф1. Иако составот на возачи сè уште не е потврден, медиумите споменуваат неколку можни кандидати.
Највисоко на листата котираат имињата на поранешните возачи на Мерцедес и Ред Бул: Серхио Перез и Валтери Ботас. Исто така со новиот тим се поврзуваат Мик Шумахер, Џоу Гуанју и Фелипе Другович, како и американските возачи Зак Крофорд и Колтон Херта.
Спорт
Драмата продолжува – Исак повеќе не сака да игра за Њукасл

Незадоволството на Александер Исак прерасна во „војна“ со Њукасл јунајтед. Швеѓанецот повеќе не сака да го носи дресот на клубот чии член е од 2022 година, кога „страчките“ на Реал Сосиедад му платија 70 милиони евра.
Александер Исак е лут што Њукасл одбива да преговара со Ливерпул и покрај понудата од 130 милиони евра. Напаѓачот најпрвин одби да тренира, не беше на претсезонската турнеја, а сега порачал дека не сака да игра за клубот и по цена да ја пропушти целата сезона.
Њукасл бара обесштетување од 150 милиони евра за Исак.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Левандовски: Борусија не ми дозволи трансфер во Манчестер јунајтед

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најдобрите голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри, дека во минатото бил блиску до преселба на „Олд Трафорд“.
Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што тоа го правеше во Германија. Според сопственото признание, во 2012 година бил пред трансфер во Манчестер јунајтед.
– Им реков „да“ вистина е. Но, Борусија не сакаше да ме продаде, мислеа дека ќе вредам повеќе за година или две – рече Левандовски.
Иронијата на судбината сакаше Левандовски навистина да го напушти Дортмунд две години подоцна. Но, тој отиде во Баерн како слободен агент, па Борусија не доби ниту цент од трансферот.
– Можеби малку жалам што не се обидов во Премиер лигата, но кога ќе се осврнам назад, играв за Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд и можам да кажам дека сум задоволен од мојата кариера.