Спорт
Алегри: Јувентус мора да заборави на елиминацијата од ЛШ и да ја освои италијанската титула

Јувентус не смее да дозволи испаѓањето од Лигата на шампионите од Ајакс да ја расипе прославата на осмата титула во низа во Серија А ако ја освои в сабота, вели тренерот Масимилијано Алегри.
Скудетото ќе биде мала утеха за клубот од Торино, кој очекуваше трофеј од Лигата на шампионите оваа сезона по доаѓањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, но Алегри вели дека пред мечот со Фиорентина дома (во кој им е потребен еден поен да ја освојат титулата), клубот мора да заборави на елиминацијата од ЛШ.
„Најважно е утре да се освои титулата и ќе ја заслужиме поради одличната сезона. Ако ја освоиме, мораме да прославиме. Потоа ќе јадеме чоколадо и ќе имаме време да зборуваме за иднината. Мораме да го надминеме разочарувањето од елиминацијата во ЛШ. Мора да се прифати и да се оди напред. Резултатот не може да се смени и барањето изговори и оправдувања е карактеристика на тие што губат. Ја прифаќаме одлуката на теренот. Не треба да сме во депресија поради пораз од добар тим. Животот продолжува, фудбалот продолжува. Фудбалот не е наука. Доаѓањето на Роналдо не значи дека титулата од ЛШ ни е гарантирана, тоа го кажував цело време“, вели Алегри.
? Allegri: “Tomorrow, we have the chance to seal the Scudetto and we need to. We have to look ahead and get over the disappointment without looking for excuses.”#JuveFiorentina #ForzaJuve pic.twitter.com/Pw0yrHhEOY
— JuventusFC (@juventusfcen) April 19, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.