Спорт
Алегри нема намера да го напушти Јувентус
Масимилијано Алегри уште еднаш потврди дека нема намера да си замине од клупата на Јувентус, без разлика на катастрофалните резултати кои овој тим ги има под негово водство. 55. годишникот го најави утрешното дерби со Милан и рече дека плановите за новата сезона почнуваат од почетокот на јуни.
„Имам уште две години од мојот договор и ќе дадам се од себе за да го вратам Јуве на врвот. Од 5 јуни ќе почнеме да ја планираме следната сезона“, изјави Алегри и продолжи:
„Моментално сме втори на табелата оваа сезона. Тоа е подобрување во однос на минатата сезона со сите неволји што ги имаме. Имаме многу лоша недела зад нас, но мораме да се подигнеме и да останеме фокусирани на преостанатите два натпревари. .
Пласман во европските купови со оваа казна би било големо достигнување. Се зависи од нас и потребна ни е сила да го поминеме овој тежок период“, е пораката на тренерот на Јувентус.
Да потсетиме, пред неколку дена на „бјанконерите“ им беа одземени 10 бода поради финансиска измама за време на пандемијата на коронавирус.
Казната ја спушти „Старата дама“, од второто на седмото место во италијанската Серија А. Сега имаат 59 бодови и го држат местото кое води во Конференциската лига, но сепак се надеваат дека можат да стигнат до позицијата број четири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

