Спорт
Алегри: Веќе имав потпишано со Реал Мадрид, а потоа Пирло доби отказ
Масимилијано Алегри е тренер на Јувентус и се врати во Торино во мај 2021 година, но лесно можеше да заврши и на Сантијаго Бернабеу“. Всушност, италијанскиот стратег откри дека веќе имал потпишано преддоговор со „кралскиот клуб“, а потоа се јавил и му откажал на Флорентино Перез.
„Веќе имав потпишано со Реал Мадрид, но потоа му се јавив на Флорентино Перез и му реков дека нема да дојдам затоа што го избрав Јувентус. Сакав да бидам поблиску до мојот син, кој живее во Торино, со неговата мајка. Сакам да бидам блиску до моите најблиски“, изјави Алегри.
Реал Мадрид минатото лето бараше нов тренер откако вторпат во три години остана без Зинедин Зидан. Сепак, тогаш Јувентус имаше серија лоши резултати, Андреа Пирло доби отказ и така се отвори место за враќањето на Алегри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Проблем за Јунајтед, Доргу ќе пропушти осум натпревари
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу (21), ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.
Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.
21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.
Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.
Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јилдиз за поголема плата ќе остане во Јувентус
Јувентус наскоро ќе го продолжи договорот со Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е означен како централна фигура на новиот проект на клубот.
Јилдеиз во 2022 година притигна во Јувентус. Италијанскиот клуб успеа да го донесе без обесштетување од Баерн.
Тој, последните 12 месеци, беше мета на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус за 1.500.000 евра по сезона. Сепак прво реши да преговара со клубот и дете страни експресно постигнаа договор.
Според „Тутоспорт“, според новиот договор, Јилдиз ќе заработува 6.000.000 евра по сезона.
Јилдиз, заедно со Дејвид е ја има најголемата плата, пред него ќе биде само Душан Влаховиќ, кој заработува 12.000.000 евра годишно, но тој ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.
Јилдиз оваа сезона одигра 29 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус, постигна девет гола и забележа осум асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата.
Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1).
Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет.
Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд слем да стигне до полуфиналето на АО, откако беше елиминиран во четвртфиналето минатата сезона и прексиноќа.
Алкараз само во првиот сет имаше проблем со Де Минор. Откако со брејк дојде до 3:0, му дозволи на противникот да се врати, сервираше за сет во деветтиот гем, но домашните тенсер уште еднаш се врати во мечот. Подоцна цо 12-от гем, Алкараз ја искористи втората сет топка.
Вториот и третиот сет, Шпанецот рутински ги реши.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, кој исто така во три сета славеше ротив Лернер Тиен.
Fot/ depositphotos

