Спорт
Александер-Арнолд се повреди, ќе го пропушти ЕП

Англија синоќа ја победи Австрија со 1:0, во првиот контролен натпревар пред почетокот на ЕУРо 2020. Победата на „Гордиот Албион“, мина во сенка на повредата, со која во самиот финиш ја доби Трент Александер-Арнолд.
Десниот бек на Ливерпул, чии повик во репрезентацијата, предизвика многу коментари во англиската јавност, се пожали на болка во десната препона.
„Не е добро. Чувствува болка. Каква е состојбата се повредата ќе биде познато за ден или два. Ужасно е ова што му се случи, работеше напорно за да го заслужи своето место во репрезентацијата“, рекол селекторт на Англија, Герет Саутгејт.
На прашањето дали ова значи дека Тренет нема да патува на ЕУРО 2020, Саутгејт рекол.
„Да почекаме и да видиме за каква повреда станува збор. Потоа ќе решиме што ќе правиме“.
Порад лошата форма Тренет Александер-Арнолд не доби повик од селекторот за првите три натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство. Повикот за настап на ЕУРО 2020 предизвика многу коментари.
Покрај Тренет, на позицијата десен бек, Саутгејт има уште тројца играчи. Киран Трипи, Кајл Вокер и Рис Џејмс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси: Не уживав кога бев во Париз

Лионел Меси зборуваше за периодот поминат во Пари Сен Жермен пред дуелот на Интер Мајами со актуелниот европски првак, на клупскиот Мундијал во Соединетите Американски Држави.
Меси играше за ПСЖ две сезони, од 2021 до 2023 година.
„Тоа беа годините во кои не уживав, не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше добро време за мене. Не бев среќен ниту еден ден – ниту на тренинзите ниту на натпреварите. Ми беше многу тешко да се прилагодам“, рече Лионел Меси.
Аргетнинецот одигра вкупно 75 натпревари за Пари Сен Жермен во сите натпреварувања, постигна 32 гола и имаше 35 асистенции.
Натпреварот помеѓу Интер Мајами и ПСЖ се игра од 18 часот во Атланта.
Спорт
Роналдо: Одморот ми е поважен од клупскиот Мундијал

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, изјави дека одморот му е поважен од Светското првенство за клубови, кое се одржува во САД.
Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср не се квалификуваа за Светското клупско првенство, а португалскиот играч не го гледа тоа како проблем.
Роналдо неодамна го продолжи договорот со саудискиот клуб, додека нивните ривали како Ал Хилал и Ал Ахли играат на Светското клупско првенство, тоа не е случај со Ал Наср.
„Имав неколку понуди да играм на Светското првенство, но не мислам дека немаше смисла бидејќи сакам добар одмор, добри подготовки, бидејќи оваа сезона ќе биде многу долга – завршува со Светското првенство. Сакам да бидам подготвен, не само за Ал-Наср, туку и за репрезентацијата“, рече Кристијано Роналдо.
И покрај годините, Португалецот сè уште е желен за купот.
„Мојата цел е секогаш да освојам нешто важно за Ал-Наср. И секако, сè уште верувам во тоа. Затоа го продолжив договорот за уште две години, бидејќи верувам дека ќе станам шампион во Саудиска Арабија“, рече Роналдо.
Спорт
„Ова е шега, не е фудбал“

Челзи стигна до четвртфиналето на клупското Светско првенство по победата над Бенфика со 4:1 по продолжението во натпреварот што започна во 16:00 часот, а заврши во 20:40 часот по локално време во Шарлот, на југот на САД.
Натпреварот беше прекинат во 86-та минута, при резултат 1:0 за Челзи, поради закана од бура.
Зошто натпреварите се прекинуваат на Светското клупско првенство во Америка?
Безбедносните протоколи во САД налагаат спортските настани на отворено да бидат прекинати најмалку 30 минути кога ќе се развијат грмотевици во радиус од 8 милји (13 километри).
Ова е причината зошто неколку натпревари веќе беа прекинати на Светското клупско првенство.
Но, овој пат прекинот траеше речиси два часа, по што натпреварот продолжи.
Натпреварот траеше речиси пет часа. Затоа Енцо Мареска, тренерот на Челзи, беше огорчен: „Среќен сум за победата, но тука се случуваат работи што не можам да ги разберам. Ова е шега, а не фудбал. Разбирам дека натпреварот е прекинат од безбедносни причини, но тогаш ова веројатно не е вистинското место за играње фудбал. Момци, прекинувањето на натпреварот два часа не е фудбал!“, рече тој.
Челзи ќе игра во четвртфиналето против Палмеирас, кој го победи Ботафого со 1:0 во бразилското дерби од осминафиналето.