Спорт
Алиоски: Мечот на „Олд Трафорд“ е посебен, нема да се предадеме

Пред утрешниот меч од квалификациите за Европското првенство во 2024 година на „Олд Трафорд“, Езѓан Алиоски вели дека мотивацијата во репрезентацијата е голема и покрај поразот од Украина во Скопје и покрај водството од 2:0. Англија, несомнено, е голем фаворит во мечот, но Алиоски вели дека нема прадавање на славниот стадион.
„Ова е специјален момент за сите, посебно за играчите кои се првпат во Англија и гледале натпревари на овој терен од Лигата на шампионите и од Премиер лигата. Сите ќе уживаат, а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина, можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит, ама ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме“, изјави Алиоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.
Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса.
Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. Пред еден месец Барселона доби понуда од Палмеирас од 25 милиони евра и Барса да задржи 20 отсто од следната продажба.
Џоан Лапорта ја прифати понудата но мораше да го убеди Бетис да ја раскине позјмицата.
Тоа се случи откако Барселона се откажа од 30 отсто од правата што ги имаше врз Ез Абде. Барселона за крилниот напаѓач од Бетис доби 7,5 милиони евра и задржа 50 отсто од правата од наредната продажба. Со новиот договор Барселона од евентуалниот наводен трансфер на Ез Абде ќе добие 20 отсто.
Исто така Бетис од Палмеирас ќе добие компензација од 6 милиони евра.
Спорт
Кин за капитенот и играчите на Јунајтед: Еб..и изманици

Манчестер јунајтед минатиот викенд успеа да ремизира против Евертон (2:2) во возбудлив премиерлигашки натпревар, а вчера го победи Ипсвич со 3:2.
Бруно Фернандеш со својот гол од слободен удар го започна камбекот на „црвените ѓаволи“ против Евертон. Сепак, овие резултати не го импресионираа легендарниот поранешен капитен на Јунајтед, Рој Кин.
Кин, познат по своите остри коментари ги критикуваше играчите на Манчестер јунајтед, смета дека тимот нема карактер. Неговиот гнев беше насочен и кон сегашниот капитен Бруно Фернандеш.
„Овие играчи едноставно го немаат она што е потребно за да го носат дресот на Манчестер јунајтед“, изјави Кин за „Скај Спорт“.
„Гледам премалку страст, премалку борбеност. Каде е Јунајтед што го знаевме? Овие играчи се еб..и измамници“.
Зборовите на Кин одекнаа меѓу фановите кои беа поделени во нивните мислења. Додека некои ја поддржуваат неговата критика, други веруваат дека тој е премногу остар кон тимот.
Спорт
Хорхе Мартин ќе ја пропушти и Големата награда на Аргентина

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин нема да ја вози и втората трка сезонава.
Хорхе Мартин ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд овој викенд, а откако заработи нова повреда нема да вози ниту во Аргентина.
Возачот на Априлија ја повреди другата рака за време на првиот тренинг по операцијата на скршеница на раката и ногата, поради што било потребно да се изврши уште една операција.
Големата награда на Аргентина ќе се вози на 16 март.