Спорт
Алиоски: „Ми рекоа да се откажам од фудбалот, не сум бил талентиран

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски со Лидс Јунајтед ја освои Чемпионшип дивизијата и од наредната сезона ќе игра во најсилниот фудбалски шампионат во светот – Премиер лигата.
Алиоски (28) во штотуку завршената сезона за Лидс одигра 39 натпревари, на кои постигна пет гола.
Репрезентативецот на Македонија во интервју за швајцарски „Блик“ открил дека пред една деценија во Јанг Бојс го отпишале како фудбалер, му порачале да се откаже од фудбалот.
„Минав десет години таму, а тие ми кажаа да се откажам. Ми рекоа дека не сум доволно добар да бидам професионален фудбалер. Бев разочаран, но не се откажав. Тренирав индивидуално со мојот татко и со братот. Потоа се појави Шафхаузен, тие ми дадоа шанса“, раскажал Алиоски.
Алиоски за Јанг Бојс не одиграл ниту еден натпревар од 2011 до 2013 година, потоа три сезони играч за Шафхаузен, две за Лугано, а наредната сезона ќе му биде четврта во дресот на Лидс Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Клуб од Четвртата лига го елиминира Манчестер јунајтед од Лига купот

Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот. Гримзби, клуб основан пред 147 години, победи на пенали со 12:11. Натпреварот во регуларното време заврши 2:2 (2:0).
Дека на „Бландел Парк“ може да се случи една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал, можеше да се насети во првото полувреме, кое Јунајтед од апсолутниот аутсајдер го загуби со 2:0.
Првиот гол го постигна Вернам во 22-та минута, а Ворен го дуплираше водството на Гримзби по половина час игра.
Манчестер јунајтед се врати во живот во последните 15 минути, со головите на Брајан Ембумо во 75-та и Хари Магваер во 89-та минута.
Бидејќи немаше победник во 90 минути се шутираа пенали. Таму се случуваше вистинска драма, се шутираа 13 серии, а трагичари беа играчите за кои Јунајтед летово издвои речиси 150 милиони евра.
Матеус Куња не успе да ја заврши работата во петтата серија кога резултатот беше 4:4, а Ембумо ја погоди гредата во 13 серија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Бенфика го испрати Мурињо во Лига Европа, Бриж ги растури Глазгов Ренџерс

Бенфика, Клуб Бриж и Копенхаген ја комплетираа листата на учесници во главнаѕа фаза, во Лигата на шампионите.
Во најпривлечнит натпревар, Бенфика со 1:0 го победи Фенербахче. Жозе Мурињо и втора сезона по ред не успева со Фенер да дојде до Лигата на шампионите. По 0:0 во Истанбул, Бенфика подобро влезе во реваншот, ВАР им поништи два гола, а во 35.минута Актуркоглу го постигна единствениот гол.
Најдобрата шанса за Фенер ја имаше Ен Несири во вториот дел кога ја погоди гредата.
Копенхаген со 2:0 забележа победа над Базел и со вкпни 3:1 се пласира во ЛШ. Двата гола беа постигнати во вториот дел. Корнелиус погоди веднаш на стартото од второто полувреме, а во 84.минута точка на мечот стави Мукоко.
Клуб Бриж со 6:0 го декласира Глазгов Рензерс и со вкупни 9:1 го мина плеј-офот. Гостите од осмата минута играа со играч помалку. Аронс доби црвен картон. Бриж во првиот дел постигна пет гола и уште еден во вториот.
Foto/ EPA/RODRIGO ANTUNES
Спорт
Влаховиќ ги прифатил условите, се сели во Милан

Душан Влаховиќ, како што сега стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Јувентус долго време сака да се ослободи од Влаховиќ, особено поради неговата висока плата, и се чини дека во Торино нашле решение
„Старата дама“ ја одреди цената. Јувентус би го пуштил Влаховиќ за 30 милиони евра. Тоа е повеќе од 50 милиони евра помалку отколку кога го доведоа од Фиорентина во 2022 година. Јуве за Влаховиќ на Фиорентина 81,6 милиони евра.
На крајот, Јувентус ќе го пушти Влаховиќ за помалку од 30 милиони.
Големиот ривал на Јувентус, тимот на Милан предводен од клупата од поранешниот тренер на Влаховиќ, Масимилијано Алегри ќе го ангажира Србинот.
Милан, според италијанските медиуми, му понудиле на Влаховиќ плата помеѓу шест и седум милиони евра. Јувентус ќе добие 15 милиони евра и во Торино ќе се пресели Алексис Салемакерс.