Контакт

Спорт

Алиоски по заслуга на Пандев и Трајковски намалува на 1-2

Објавено пред

Чурлинов и Трајковски почнуваат од 45 минута, излегоа од игра Спировски и Николов.

Аријан Адеми во 47 минута има голема шанса за погодок – бие ниско десно, Бушчан брани, асистент е капитенот Пандев.
Малиновски во 51 минута од слободен удар бие прецизно, но Столе Димитриевски одлично интервенира.

55 минута пенал за Македонија, претходно Трајковски биеше, Бушчан одбрани, а топката заврши во гредата. Токму Пандев натрча на топката и Караваев го фаулираше.

Алиоски во 57 минута намалува на 1-2. Најпрво украинскиот голман му го одбрани ударот, но топката заврши во неговите нозе за намалување на предноста.
Фото: ФФМ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Египет на Парондо ќе игра во полу-финалето на ОИ

Објавено пред

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Гарсија Парондо, успеа со Египет да се пласира во полу-финалето на Олимписките игри. За финалето, Египет ќе игра против Франција.

Египет, во четврт-финалето, во целост ја надигра Германија. Избраниците на Парондо, славеа победа 31:26. (16:12).

Германците не можеа да одговорат на играта со многу трчање кои го наметнаа Египѓаните. Се обидоа во вториот дел, но Египет сигурно ја држеше предноста.

Али Мохамед и Омар Јахија со по пет гола го предводеа Египет до големиот успех. Кај Германија се истакна Јулиус Кун со шет гола.

Полуфиналните натпревари на ракометниот турнир ќе се одиграат на 5.август. Покрај дуелот Египет=Франција, на програмата ќе биде и натпреварот Данска-Шпанија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кралицата на спринтот, Илејн Томпсон, златна и на 200 метри

Објавено пред

Илејн Томпсон од Јамајка ја потврди доминацијата во спринтерските дисциплини. На златниот медал на 100 метри, таа му го придодаде и најсјаното одличие во трката на 200 метри.

Томпсон во финалето на 200 метри го истрча вториот најдобар резултат на сите времиња. Во целта таа влезе со време 21.53 секунди. Овој резултат е за 19 стотинки послаб од светскиот рекорд што го постави Флоренс Грифит Џојнер на ОИ во Сеул во 1988 година.

Без медал остана нејзината сонародничка Шели-Ен Фрејзер-Прајс, која го освои четвртото место (21.94).

Второто место со личен рекорд и рекорд на Намибија го освои 18-годишната Кристин Мбома (21.81).

Бронзата заврши кај Американката Габриел Томас (21.87).

Прикажи повеќе...

Спорт

Интер одбил нова понуда за Лукаку – 100 милиони евра и Маркос Алонсо

Објавено пред

Интер одбил уште една понуда од Челси за Ромелу Лукаку, објави „Скај Италија“.

Челси има намера да го врати Белгиецот на „Стенфорд Бирџ“. Очајнички им е потребен напаѓач од светска класа, но барем засега Интер ги одбива сите понуди.

Последната била 100 милиони евра и Маркос Алонсо. Интер би се откажал од Лукаку, само доколку напаѓачот побара трансфер.

Ромелу Лукаку беше играч на Челси од 2011 до 2014 година. Во тој период одигра само 15 натпревари. Потоа за 35 милиони евра се пресели во Евертон, а добрите игри во дресот на „карамелите“ му овозможија трансфер до 84,7 милиони евра во Манчетсер јунајтед.

Од 2019 година е играч на Интер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија3 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија4 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија5 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија7 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет7 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа7 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија8 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија8 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија18 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија18 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија18 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија20 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија20 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт23 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија1 ден

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Досие