Спорт
Алиоски: Среќен сум поради дебито и победата на Фенербахче
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски синоќа го имаше своето деби во дресот на турскиот Фенербахче каде пристигна од редовите на Ал-Ахли. Тој беше стартер во тимот на гигантот од Истанбул во триумфот (0:2) во плејофот од Лигата на Европа.
„Среќен сум поради дебито и пред се поради победата на Фенербахче. Со овој триумф сме мнгу блиску до остварување на целта, пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Фокусирам сум на тимот и добрите игри и верувам дека ќе имаме уште многу радосни моменти заедно оваа сезона“, изјави Езгјан Алиоски по дебито за Фенербахче.
Стрелци на головите за Фенербахче беа Џошуа Кинг и Дорсун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јуриќ во една година три пати добил отказ
Иван Јуриќ очекувано доби отказ во Аталанта. Човекот кој забележа многу добри резултати на клупите на Верона и Торино помеѓу 2019 и 2024 година е во низа што ретко се гледа во врвниот спорт.
Хрватот беше отпуштен од Аталанта денес, точно на годишнината од неговото отпуштање од Рома (10 ноември 2024 година), а во меѓувреме беше назначен за тренер и отпуштен од Саутемптон.
Јуриќ ја водеше Рома 12 пати, Саутемптон 16 и Аталанта 15 пати пред шефовите да му се заблагодарат за соработката. За споредба, тој има 122 натпревари на клупата во Торино и 79 пред тоа во Верона.
Јуриќ го напушта клубот со резултат 4-8-3 и просек од 1,33 поени по натпревар. Ако на Ла Деа и се избришат резултатите од Лигата на шампионите, резултатот е уште подраматичен.
Аталанта ја остави на 13-то место на табелата во Серија А со резултат од 2-7-2.
Спорт
Се повреди Тибо Куртоа
Еден од најдобрите во Реал Мадрид, голманот Тибо Куртоа, претрпе повреда која ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство со Белгија.
Станува збор за повреда на примачот, и сè уште не е познато колку е сериозна или колку долго Куртоа ќе отсуствува.
Дефинитивно е јасно дека тој нема да биде достапен за селекцијата на Белгија во квалификациските натпревари за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн.
Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот со години. Во последно време, тој е еден од најважните играчи за Реал Мадрид, особено во овој период на мини-криза кога загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите и одиграа само 0:0 против Рајо Ваљекано.
Оваа сезона, Куртоа не пропушти ниту една минута во дресот на Реал и белгиската репрезентација.
Спорт
Дешан негира дека добил понуди од Јувентус и Бразил
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата потоа.
Дешан потврди дека разговарал со претставници на саудиски клуб за можна соработка откако ќе му истече договорот со француската репрезентација. Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на бразилската репрезентација.
„Можеби имав некои контакти, не конкретно со нив (Бразил). Нема да зборувам за имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, рече Дешан.
Селекторот на Франција, исто така, нагласи дека неговата одлука да го напушти кормилото на „Триколорите“ на крајот од Светското првенство во 2026 година е конечна, без оглед на тоа каков резултат ќе постигнат Французите на Мундијалот.
Овој 57-годишен тренер ги предводи Французите од 2012 година. Под негово водство, „Триколорите“ станаа светски шампиони во 2018 година во Русија. Пред Франција, тој тренираше само три други клуба: Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј и освои трофеи со секој од нив.
Како фудбалер, Дешан играше за Нант, Бордо, Олимпик Марсеј, Јувентус, Челзи и Валенсија. Тој освои 15 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони со Марсеј (1993) и Јувентус (1996).

