Спорт
Алкараз и Надал нема да играат во Дејвис купот
Шпанија, за две недели во четвртфиналето на Дејвис купот ќе игра против Хрватска без двајцата најдобри играчи, Карлос Алкараз и Рафаел Надал, соопшти Шпанската тениска асоцијација.
Алкараз, тенисерот број еден во светот на АТП листата, минатата недела во четвртфиналето на Мастерсот 1000 во Париз го повреди стомачниот мускул, поради што ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Надал, вториот играч во светот, пред три недели му најави на селекторот дека нема да игра.
Него во шпанската репрезентација ќе го замени Педро Мартинез Портеро, 61. играч на АТП листата. Тој го имаше своето деби во Дејвис купот во двојки оваа сезона.
Тренерот Серхи Бругуера во тимот ќе ги има и Пабло Карењо Буста (13. АТП), Роберто Баутиста-Агут (21.), Марсело Гранољерс (16. на АТП-листата во двојки) и Алберто Рамос (39.).
Шпанија и Хрватска ќе играат на 23. ноември во Малага. Минатата година Хрватска загуби од Русија во финалето одиграно во Мадрид. Шпанија ја освои последната титула во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

