Спорт
Алкараз нема да ја брани титулата во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на турнирот во Барселона.
Момчето од Мурсија минатата недела не играше во Монте Карло, поради повреда на мускулот на десната рака.
На последниот тренинг пред заминувањето во Барселона, беше јасно дека состојбата на Алкараз не е добра.
Според информациите од Шпанија тој едвај можел да го удри топчето и долги разговори со својот лекарски тим реши да го откаже настапот.
Наместо Алкараз, еден од среќните губитници ќе биде во главниот ждреб во Барселона.
Алкараз требаше да биде слободен на стартот на ова натпреварување од серијата 500, за во второто коло да го чека подобриот од дуелот Лука ван Аш – Јижен Жанг.
Шпанецот моментално е трет на АТП листата, а следен турнир би требало да му биде Мастерсот во Мадрид.
Инаку, Алкараз претходните две години го освојуваше турнирот во Барселона. Бидејќи годинава нема да настапи ќе остане без 500 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кирјос повторно удри по Синер: Измамени сме, дами и господа

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го критикува Јаник Синер по скандалот со допинг.
Синер двапати не го помина тестот минатата сезона поради клостебол, а на почетокот на оваа година отслужи тримесечна суспензија.
Италијанецот го отпушти Умберто Ферара, тренерот за кондиција вклучен во скандалот, пред последниот почетокот на Ју-ес опен минатат година, но во меѓувреме одлучи да го врати во тимот.
„За жал, ова не е Тенис Центар“, напиша Кирјос на социјалната мрежа „X“, осврнувајќи се на страницата што „измислува“ тениски вести.
После тоа имаше уште еден коментар.
„Го врати истиот доктор. Измамени сме, дами и господа“, додаде Киргиос.
Фото/ Принтскрин
Unfortunately this isn’t @TennisCentel https://t.co/zawOhkz7KQ
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) July 23, 2025
Спорт
Влаховиќ би можел да се пресели на „Сан Сиро“

Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ би можел да замине во Милан од Јувентус. Двата клуба воспоставиле контакт, а италијанските медиуми проценуваат дека „старата дама“ ќе бара отштета помеѓу 18 и 20 милиони евра.
Влаховиќ е голема желба на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој го тренираше и додека беше на чело на Јуве.
Исто така, Влаховиќ, кој веќе одби неколку профитабилни понуди, би сакал да се пресели на „Сан Сиро“. Неговиот договор со Јувентус истекува во јуни следната година и во последната сезона тој треба да биде најплатениот фудбалер не само на Јувентус туку воопшто во Серија А, со платат од 12 милиони евра.
Пред три и пол години, Јуве ѝ плати на Фиорентина 83 милиони евра за Влаховиќ, но во јануари оваа година, со доаѓањето на Рандал Коло Муани на шестмесечна позајмица, српскиот централен напаѓач падна во втор план. И покрај ова, Влаховиќ имаше добри перформанси минатата сезона, постигнува 15 гола и забележа пет асистенции.
foto EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
Спорт
Вардар вечерва против Лозана

Вардар, вчерва ќе ја пречека Лозана, во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Во таборот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија, очекуваат тежок меч, со надеж дека ќе обезбедат предност пред реваншот во Швајцарија.
„Се зависи од ривалот како ќе ни дозволи да играме, но знам дека секој наш играч што ќе излезе на теренот, ќе го даде максимумот. Ние следевме како игра ривалот, знам и јас како се игра таму бидејќи сум играл во Австрија. Но, тоа ќе го оставам за мене, пред да одлучам како ќе се поставиме на теренот. Тешко беше да се игра во Сан Марино против бункер, но наша цел беше да минеме во следна рунда и успеавме во тоа. Не би давал прогнози, па нека победи оној кој е подобар.“ – изјави Седлоски.
Натпреварот Вардар- Лозана се игра на арената „Тодор Проески“ вечерва со почеток од 20:30 часот. Реваншот е на 31. јули, во Лозана.
Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира Лозана, во третото коло ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).
Фото/ fcvardar.com