Спорт
Алкараз по елиминацијата од Имбер се пожали на подлогата во „Берси“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги коментираше условите во „Берси“, откако беше елиминиран во осминафиналето од Уго Имбер.
Неколкумина веќе кажаа дека подлогата во „Берси“ е исклучително брза, што го забележа и Алкараз.
„Овој терен… Мислам, не сакам да кажам нешто што ќе звучи како изговор. Уго заслужи да победи. Кога играм, на пример, на затворен терен во Дејвис купот, теренот е многу побавен. Кога го одиграв првиот меч, статистика беше дека ова е најбрзиот терен на Мастерс турнирите, веројатно и на АТП турот, ова е веројатно најбрзата подлога во последните 10 години“, рече Карлос Алкарас.
„Не знам зошто го прават тоа. Не знам зошто го сменија теренот. Ме изненади, дојдов тука без премногу денови за подготовка. Веројатно требаше да дојдам порано за да се навикнам на условите. Можам само да кажам е дека не разбирам зошто го направија тоа“.
Алкараз сега ќе се подготвува за завршниот Мастерс во Торино, каде минатата година беше елиминиран во полуфиналето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Руиз ќе го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката.
Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година.
Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз.
Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега е легенда на „Светците“. Одигра 155 натпревари за ПСЖ, постигна 16 гола со 24 асистенции и ги освои сите можни трофеи.
Заедно со Витиња и Жоао Невес, тој е дел од трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да го остане без сонародникот.
Договорот на Руиз истекува во летото 2027 година, и затоа ПСЖ сакаше да ја затвори приказната на време, за да не му дозволи да влезе во последната година по завршувањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рома за 19-годишник ќе плати 25 милиони евра
Рома, помалку неочекувано по првиот дел од сезоната е легитимен кандидат во борбата за титулата во Серија А, но нивната примарна цел е да изборат место во Лигата на шампионите.
Во Рим открија дека им е потребно освежување во нападот, па почнаа да бараат засилувања. Главни мети беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие завршија неуспешно. Распадори ќе се пресели во Аталанта, додека нема назнаки дека Манчестер Јунајтед ќе прифати понуда за Зиркзе.
Во меѓувреме, Рома, најде засилување во нападот. Изборот е талентираниот 19-годишен, Рибинио Ваз. Играчот блесна сезонава во Олимпик Марсеј. Рома се согласи да плати 25 милиони евра.
Останува да се дефинираат личните услови и 19-годишниот напаѓач официјално да стане играч на италијанскиот клуб.
Во исто време, челниците на клубот од Рим преговараат и со Дониел Мален од Астон Вила. Холанѓнецот би требало да пристигне во Рома на позајмица, со право на откуп.
Foto/ depositphotos

