Спорт
Алкараз разочаран: Новак наметна темпо што не можев да го следам
Карлос Алкараз не успеа да стане најмладиот олимписки шампион во опен ерата. Во епскиот спектакл, во финалето на Олимписките игри, Алкараз загуби од Новак Ѓоковиќ со 7:6 (3), 7:6 (2).
Иако пред финалето храбро најави дека ќе и донесе злато на Шпанија, младиот тенисер загуби во два сета од сега најстариот олимписки шампион во опен ерата Новак Ѓоковиќ.
Поразот толку силно го погоди Алкараз, што не можеше да ги задржи солзите во разговорот за Еуроспорт со Алекс Кореча.
Само што сакаше да каже нешто, почна да плаче, а Кореча го тешеше.
„Смири се… Не плачи, горди сме на тебе“, му рече Кореча.
„Комплицирано е, се боревме скоро три часа во два тај-брејка, не ги искористивме шансите што ги имавме. Да се игра против Ѓоковиќ никогаш не е лесно. Се случи дека во тешките моменти, во тај-брејковите, тој го крена нивото на својата игра, јас тоа не можев да следам. Тој го заслужи ова. Боли да се изгуби на овој начин, но јас заминувам со крената глава. Дадов се од себе, најдобро што можев се борев за Шпанија“, изјави шпанскиот тенисер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Герасимовски: Во завршна фаза е реконструкцијата на „Работнички“, на 13 декември ќе го победиме МЗТ
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто „Работнички“ ќе издвојува голема победа.
„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ на 13 декември и најавувам голема победа на Работнички“, истакнува Герасимовски.
Додаде дека 80 отсто од реконструкцијата е завршена. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.
Спорт
(Видео) Баерн го израмни рекордот на Милан од 1992 година
Баерн ја победи Борусија во Менхенгладбах со 0:3, во осмото коло од Бундеслигата. Баварците ја забележаа 13-та победа од почетокот на сезоната, со што го израмнија рекордот на Милан за најдобар старт во сезоната во петте најдобри национални првенства.
Баварците се лидери во германското првенство со максимални 24 бода и гол-разлика од 30:4. Баерн го израмни рекордот на Милан од сезоната 1992/1993, ја отвори сезоната со 13 последователни победи.
Избраниците на тренерот Винсент Компани можат да станат рекордери доколку во среда го победат Келн во Купот на Германија.
Резултати на Баерн оваа сезона:
Суперкуп: Штутгарт – Баерн 1:2
Бундес лига: Баерн – РБ Лајпциг 6:0
Куп на Германија: Вехен – Баерн 2:3
Бундеслига: Аугсбург – Баерн 2:3
Бундеслига: Баерн – ХСВ 5:0
ЛШ: Баерн – Челзи 3:1
Бундеслига: Хофенхајм – Баерн 1:4
Бундеслига: Баерн – Вердер 4:0
ЛШ: Пафос – Баерн 1:5
Бундеслига: Ајнтрахт Франкфурт – Баерн 0:3
Бундеслига: Баерн – Борусија Дортмунд 2:1
ЛШ: Баерн – Клуб Бриж 4:0
Бундес лига: Борусија Менхенгладбах – Баерн 0:3
Спорт
Пет светски рекорди паднаа на Светскиот куп во пливање во Торонто
Втората вечер од третата и последна фаза од Светскиот куп во пливање во 25-метарски базени, во Торонто донесе дури пет светски рекорди.
Австралијанката Лани Палистер го собори светскиот рекорд на 800 метри слободно со време од 7:54,00 минути. Палистер беше за 3,42 секунди побрза од познатата Американка Кејти Ледеки, чиј рекорд датира од 2022 година.
Холанѓанецот Каспар Корбо стана нов рекордер на 200 метри градно и прв што пливаше под две минути. Времето на новиот планетарен рекорд изнесува 1:59,52 минути.
На патот до рекордот, тој ја победи ѕвездената постава, меѓу кои беа трикратниот олимписки шампион Адам Пити и 16-годишниот Охаши Шин, која постави светски јуниорски рекорд од 2:02,03.
Американката Кејт Даглас го подобри својот светски рекорд на 100 метри слободно на 49,93 секунди, станувајќи првата жена што ја испливала ногата за под 50 секунди.
Унгарецот Хуберт Кос победи на 100 метри грбно со ново најдобро време од 48,16 секунди, а Австралијката Кејли МекКеон исто така постави нов рекорд на 200 метри грбно со време од 1 минута, 57 секунди и 33 стотинки од секундата.

