Спорт
Алонсо: Донесов добра одлука

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека донел „правилна одлука“ да го напушти Алпин и да се приклучи на Астон Мартин следната година.
„Чувствував дека е вистинската одлука да се преселам во Астон Мартин бидејќи тие навистина ме сакаат и го ценат мојот перформанс во изминатите две години“, изјави 41-годишниот Шпанец.
Алонсо се повлече од Формула 1 во 2018 година, три години подоцна тој се врати на патеката како возач на Алпин. Од почетокот на оваа сезона има освоено 41 поен и се наоѓа на 10. место во поредокот меѓу возачите.
Шпанецот, кој освои титули со Рено во 2005 и 2006 година, додаде дека „не се согласувал за суштинските работи“ со Алпин.
На почетокот на овој месец Алонсо и Астон Мартин најавија соработка, откако Себастијан Фетел објави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната.
Шампионатот во Формула 1 продолжува оваа недела на патеката Спа Франкоршамп, трката за Големата награда на Белгија се вози во недела од 15:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо е новиот тренер на Бенфика

Жозе Мурињо ќе стане новиот тренер на Бенфика.
„Here we go“, објави фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо. По отказот што го доби во Истанбул, Мурињо ќе се врати во Бенфика по 25 години.
Мурињо ќе го наследи Бруно Лаж, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз на Бенфика од Карабаг на отворањето на Лигата на шампионите.
Искусниот Португалец ја започна својата независна тренерска кариера на „Луж“ стадионот, но во својата татковина имаше најголем успех со Порто. Ја освои Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, а потоа се пресели во Челзи.
Интересно е што Мурињо, доби отказ во Фенербахче поради елиминацијата од Бенфика во плеј-офот за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите со Фенербахче. Иронијата да биде поголема, во целата ситуација, Керем Актуркоглу со чии гол Бенфика го елиминира Фенербахче, се пресели во турскиот тим за 22 милиони евра.
Како што е наведено, Мурињо ќе потпише двегодишен договор, а се очекува дека ќе потпише во текот на денот. Ова значи дека Мурињо по 21 година се враќа во Португалија.
Foto/ EPA
Спорт
Хрватските власти го депортираа европскиот шампион Сефешаев во Србија

Во Загреб, на Светското првенство во борење се случи скандал. Хрватските власти го депортираа од земјата европскиот шампион во борење Емин Сефешаев.
Емин Сефешаев дојде во Загреб за да се натпреварува на Светското првенство во борење, но наместо на се натпреварува тој заврши во полициска станица, со образложение дека неговата виза е неважечка.
Овој борач има златен медал од Европското првенство 2025 во Братислава во категоријата до 55 килограми во грчко-римски стил.
Полицијата најпрвин влегла во хотелот каде што престојувал Сефешаев, а потоа бил однесен во станица.
Непријатната ситуација ја прекинал претседателот на Светската организација за борење, Ненад Лаловиќ, кој во полициската станица инсистирал, Сефешаев да биде депортиран во Белград, што на крајот се случи со негова помош.
Руските медиуми негираат дека нивниот спортист имал каква било неважечка документација и се изненадени од однесувањето на хрватските власти.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Обезбедувањето едвај го спречи Симеоне да претепа навивач

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего, полуде како никогаш досега во кариерата на натпреварот со Ливерпул и нападна навивач.
Фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 во спектакуларен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите.
На истекот на натпреварот, не само што го видовме решавачкиот гол за победата на Ван Дајк, туку и инцидент меѓу тренерот на гостинскиот тим, Диего Симеоне, и еден навивач, по што тој беше исклучен.
Еден од навивачите на „Црвените“ кој беше блиску до теренот му се нафрли во лице и му дофрли нешто, што многу го изнервира тренерот на Атлетико и тој целосно ја изгуби контролата.
Тој тргана физички да се соочува со навивачот, во што едвај беше спречен од обезбедувањето на стадионот.
Симеоне доби црвен картон и ќе биде казнет, ќе пропушти најмалку еден натпревар во Лигата на шампионите.
Es una pérdida total de papeles de Simeone.
Empujar a los stewards para ir a por el público es una imagen lamentable.pic.twitter.com/naCejYXBKH
— Diego Cobo (@DiiegoCobo) September 17, 2025
На социјалните мрежи се појави видео од навивач на кој аргентинскиот стручњак скокна по голот на Ван Дајк, со намера да се пресмета со него. На споменатото видео, може да се види како навивачот непристојно гестикулира кон Симоне, изговарајќи зборови, веројатно навреди. Симеоне по натпреварот рече дека бил навредуван во текот на целиот натпревар.
And guess what? Turns out Diego Simeone was right. Here's a video of the clown at Anfield who spent the whole game insulting Cholo.
Grown man 🤦♂️pic.twitter.com/4aEng0t8jQ
— Atletico Universe (@atletiuniverse) September 17, 2025