Спорт
Алонсо: Ќе излажам ако кажам дека очекувам победа

Фернандо Алонсо, двократниот шампион во Формула 1, се подготвува за првата сезона во тимот на Астон Мартин.
Шпанецот кој има 41 година, досега во кариерата има остварено 32 победи. Според него, 33. нема да дојде годинава.
„Немаше да се тркам ако не бев оптимист, но оваа година тешко дека ќе успееме да забележиме победа. Би се лажел себеси и другите ако мислев поинаку. Стојам со двете нозе на земја. Мислам дека имаме добар болид, но потребно е време да се навикнеме на него. Ќе биде тешко на почетокот и подобри резултати очекувам дури во втората половина од годината“, изјави ветеранот од Шпанија.
Ниту еден возач во историјата не победил по 300. старт во најбрзиот циркус. Алонсо, во кариерата статртувал во 355 трки.
„Знам само дека сигурно нема да бидам на 100 отсто ниту во Бахреин, ниту во Џеда, а веројатно ниту во Австралија“, рече Алонсо.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 5. март во Бахреин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Жестоки критики кон Винисиус: Има лош став, а клубот го поддржа кога сите беа против него

Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, зборуваше за шпанска телевизија за Винисиус Жуниор, кој веќе некое време не е на највисоко ниво.
Винисиус не го криеше незадоволството, кога во 70-та минута, беше заменет на натпреварот против Еспањол.
Валдано истакнува дека, пред сè, мора да го подигне своето ниво, а потоа да го убеди тренерот дека може да игра, а потоа рече: „Ваквите ставови изразени јавно не се здрави. Тие не се здрави во никој случај.“
Тој имаше слабо Светско клупско првенство, а оваа сезона влезе со два гола и две асистенции на пет натпревари.
„Винисиус е човек на кого Реал Мадрид му даде голема поддршка. Се бореше против целиот свет. Луѓето, па дури и клубот, помеѓу светот и Винисиус, застанаа на страната на Винисиус. Но, сега се поставува уште едно прашање. Винисиус повеќе не е лут на светот, сега е лут на сопствениот тренер, а луѓето во Реал Мадрид отсекогаш го ставале клубот пред играчот.
Затоа треба да биде малку повнимателен, бидејќи ваквите гестови содржат и доза на непочитување кон играчот кој треба да влезе на теренот“, рече тој.
Винисиус има договор до 2027 година и како што стојат работите неговата иднина во Реал е неизвесна.
Спорт
Чус Матео е новиот селектор на Шпанија

Шпанската кошаркарска федерација го назначи Чус Матео за нов селектор на „црвената фурија“.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид со тоа го наследи новиот шеф на „кралскиот тим“, Серхио Скариоло, кој беше на чело на националниот тим повеќе од десет години.
Шпанија доживеа вистински колапс на последното Европско првенство, каде што го завршија натпреварувањето веќе во групната фаза.
Една од најтрофејните репрезентации во Европа минува низ генерациска смена, пред сè поради заминувањето на некои важни играчи од тимот, па сега ‘рбетот на тимот го сочинуваат помлади играчи.
Матео се приклучува на шпанската репрезентација по две сезони поминати во тимот на Реал Мадрид, со кој успеа да ја освои Евролигата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Проблем за Барселона, се повреди Фермин Лопез

Еден од најзначајните играчи на Барселона од почетокот на оваа сезона, Фермин Лопез, се повреди во победата на својот тим над Хетафе. Барселона лесно го победи Хетафе со 3:0 во петтото коло, два гола постигна Феран Торес, еден Дани Олмо.
Победата на Барселона, остана во сенка на повредата на Фермин Лопез. Доби медицинска помош, наводно со солзи во очите, а тренерот Ханси Флик не можеше да каже по натпреварот дали станува збор за посериозна повреда.
🚨 Saltan las alarmas de nuevo en el Barça, esta vez por Fermín
👀 El jugador blaugrana abandonó el estadio cojeando y fue atendido al final del partido en el césped #barçagetafe #ferminlopez #barcelona pic.twitter.com/2aJDQMcAjP
— MARCA (@marca) September 21, 2025
„Мораме да почекаме… Многу е важно што ги имаме сите играчи бидејќи имаме и многу натпревари. Рашфорд, Феран, важно е сите да се добро“, рече тој.
Барса влегува во периорд кога игра многу натпревари, во следните шест дена ќе игра во Овиедо, а потоа против Реал Сосиедад.
Фото/ Принтскрин