Спорт
Алонсо: Кога нешто ќе кажете за Британец, медиумите веднаш се вклучуваат
Фернандо Алонсо го нарече Луис Хамилтон идиот за време на Големата награда на Белгија, а инцидентот на патеката по кој Британецот ја призна вината, предизвика големо медиумско внимание. Шпанецот не е задоволен од реакцијата на медиумите.
Алонсо се извини што го нарече Хамилтон „идиот што знае да вози само кога е во водство“. По инцидентот, Алонсо ја продолжи трката, а Хамилтон мораше да се откаже.
На крајот, Хамилтон се извини за невниманието, а Алонсо за зборовите што ги испрати преку тимското радио.
„Моите коментари предизвикаа големо внимание поради тоа што тоа Луис е легенда и шампион на нашето време и кога ќе кажете нешто, извинете што го повторувам ова, за британскиот возач веднаш се вклучуваат медиумите. Многу работи се кажани за Перез, Саинц, за мене… кога ќе му кажеш нешто на латино-возач, на тоа се гледа како на некој вид забава. Кога ќе им кажеш нешто на другите, тоа е посериозно“, изјави Фернандо Алонсо пред трката за Големата награда на Холандија.
„Секако дека се извинив, не размислувам што кажав во тој момент. Мислам дека нема многу вина бидејќи во тој момент, инцидент во првиот круг, сите бевме блиску. Во тој момент бев под адреналин, конечно се борев за позициите на врвот и тоа ме натера да го кажам ова. Тоа беше тркачки инцидент според мене. Кога кажувате нешто на радио, во моментот мислите дека разговарате само со вашите луѓе од тимот“, вели Алонсо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

