Спорт
Алвеш останува во притвор, му беше одбиена кауцијата

Поранешниот бек на Барселона, Бразилецот Дани Алвеш ќе остане во притвор, откако повторно му беше одбиена кауцијата за сексуалниот напад во декември 2022 година.
40-годишниот Алвеш беше уапсен во јануари поради сексуален напад над една жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември, по што му беше раскинат договорот со мексиканскиот клуб Пумас УНАМ. Судот во Барселона повеќе пати ги одби барањата да биде пуштен на слобода со кауција и денеска беше одлучено дека постои сериозна опасност тој да ја напушти Шпанија, и затоа ќе остане во притвор.
Неговите адвокати денеска пред судот објавија видео во кое се гледа жената како флертува со фудбалерот, но судијата одлучи дека тоа не е оправдување за сексуален напад. Алвеш постојано тврди дека немало силување и дека сексуалниот чин бил консензуален.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Огура дисквалификуван во Аргентина

Возачот на Трекхаус, Аи Огура, е дисквалификуван од трката за ГН на Аргентина, откако неговиот тим користел софтвер кој претходно не ја поминал хомологацијата.
Јапонскиот возач го зазеде импресивното осмо место на втората трка од сезоната, откако стартуваше од 15-та позиција.
„Огура користеше нехомологирана верзија на софтверот (V21 b102), која не е одобрена во Светскиот шампионат. Ова е спротивно на членот 2.4.3.5.3 за електрониката од правилникот на Светското првенство“, се вели во соопштението на Дирекцијата за трка.
Тимот нешто подоцна излезе со соопштение во кое се наведува дека иако Огура не добил никаква предност од грешката, ја прифатиле казната.
Дисквалификацијата на Огура од втората трка во сезоната му овозможи на неговиот тимски колега Раул Фернандез да освои еден бод, откако се искачи на 15.место.
Актуелниот шампион во Мото2 имаше импресивен деби викенд, откако заврши четврти во спринтот во Тајланд, а потоа петти на главната трка. Јапонецот моментално е осми во генералниот пласман.
Триумф на трката за ГН на Аргентина го освои доминантниот Марк Маркез на Дукати, пред неговиот помлад брат Алекс и Франко Морбидели од тимот ВР46.
Следната трка од сезоната во Мото ГП шампионатот е Големата награда на Америка во Остин од 28 до 30 март.
Спорт
Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар против Македонија

Србија оваа недела ќе одигра два натпревари со Австрија, во борбата за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации.
Во пресрет на гостувањето во Виена, прес конференција одржа селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.
Пред почетокот на прес конференцијата, Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварите, вчера се случи страшна несреќа. Невидена трагедија во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме во иднина да играме натпревар. Секако натпреварот би бил од хуманитарен карактер. По нашите трагедии, ова е уште една“, рече Стојковиќ.
Србија гостува во Виена на 20.март, реваншот во Лесковац е три дена подоцна.
Спорт
Во Барселона пристигнала понуда за Рафиња

Манчестер јунајтед и понуди на Барселона 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец Рафиња, објавија во понеделникот британските медиуми. На „Олд Трафорд“ веруваат дека со својата брзина, дриблинг и шутирање од различни позиции, Рафиња претставува идеално решение за проблемите во нападот на тимот.
Бразилецот оваа сезона за Барселона постигна 27 гола и имаше 21 асистенција во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти, но само Јунајтед испратиле конкретна финансиска понуда.
Договорот на Рафиња со Барса истекува во јуни 2027 година, но се претпоставува дека Каталонците би можеле да ја прифатат понудата поради тешката финансиска ситуација.
Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра и постигна 47 гола и даде 46 асистенции на 124 натпревари за клубот.