Спорт
Американците ја декласираа Канада
Кошаркарите на САД ја декласираа Канада 94:68 во последниот контролен меч пред почетокот на Светското првенство во Кина.
Американците во Австралија одиграа добар меч и не дозволија изненадување. Во саботата САД загубија меч по пауза од 13 години. Од нов подобри беа Австралијците со 98:94.
Најефикасни кај Американците беа Џејлен Браун со 19 поени, односно Кемба Вокер и Донован Мичел со по 12 поени. Канада ја предводеше Кајл Вилчер со 18 пони. За Канада не играше најдобриот играч Кори Џозеф.
СП во Кина на програмата е од 31 август до 15 септември. САД се во група со Јапонија, Чешка и Турција, а Канада ќе игра против Литванија, Австралија и Сенегал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јокиќ на две асистенции до трипл-дабл, Гилџес-Александер броеше до 50
Ноќта меѓу средата кон четвртокот се одиграа 11 натпревари во НБА. Победи меѓу другите, забележаа Денвер, Мајами, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио, Минесота.
Дневер Нагетс, втор пат во три дена славеа над Њу Орлеанс Пеликанс, овојпат на својот терен со 144:119.
Никола Јокиќ постигна 38 поени, шутираше 15/28 од поле, 5/13 за тројки, 10 асистенции, осум скока, а најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер Јуниор со 39 поени, а забележа и 12 скока. На другата страна Вилијамсон постигна 28 поени, Марфи 25 со девет асистенции.
Диерон Фокс го имаше своето деби за Сан Антонио Спарс, постигна 24 поени, исто колку и Виктор Вембањама во победата во Атланта 126:125. Французинот ги погоди клучните слободни фрлања со кои гостите од Тексас славеа во Атланта. Како и обично, Тре Јанг беше најдобар кај домашниот тим со 32 поени и 12 асистенции, а Оконгву имаше 30.
Оклахома ги здроби Феникс Санс со 140:109. Шеј Гилџес-Александер продолжува со теророт. Канаѓанецот постигна 50 поени, имаше осум скока и пет асистенции. Тој оваа сезона ги урива сите рекорди, а во последните десет дена постигна 54 поени против Јута и 52 против Голден Стејт.
Во овој момент тој е најсериозниот кандидат за МВП на сезоната.
Резултати:
Атланта – Сан Антонио 125:126
Шарлот – Милвоки 102:112
Детроит – Кливленд 115:118
Бруклин – Вашингтон 102:119
Филаделфија – Мајами 101:108
Торонто – Мемфис 107:138
Минесота – Чикаго 127:108
Денвер – Њу Орлеанс 144:119
Јута – Голден Стејт 131:128
Оклахома – Феникс 140:109
Сакраменто – Орландо 111:130
Спорт
Џими Батлер се пресели во Голден стејт Вориорс
Џими Батлер го напушти Мајами Хит, се пресели во Сан Франциско, во Голден стејт Вориорс.
Овој трејд дојде по прилично напнат месец помеѓу Мајами и Батлер. Затоа што Хит трипати во тој период ја суспендираа својата најголема ѕвезда, а сето тоа започна откако Батлер побара трејд на вториот ден од новата година.
Вориорс ги испратија Ендрју Вигинс, Денис Шрудер, Кајл Андерсон и заштитен пик од првата рунда на драфтот во Мајами.
Денис Шрудер потоа беше разменет од Мајами во Јута, а Торонто требаше да го добие Кајл „Слоу Мо“ Андерсон, сепак, тој трејд пропадна и тој остана со Хит.
Како што напредуваа работите, Пи Џеј Такер беше испратен во Мајами каде што повторно ќе има можност да работи со Пет Рајли.
Вигинс, Такер и Андерсон се нови членови на Мајами Хит.
Вориорс веднаш со Батлер потпишаа двегодишен договор за 120 милиони долари.
Спорт
(Видео) Ејбрахам и дебитантите на Милан ја елиминираа Рома
Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 3:1 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.
На Рома и пресуди поранешниот фудбалер, Тами Ејбрахам, која постигна два гола во првото полувреме.
Англискиот напаѓач погоди во 16. и 42. минута, а две асистенции запиша капитенот Тео Ернандез.
Надеж на „волчицата“ и даде Арттем Довбик со гол во 54. минута, но во 72. минута, дебитантите во дресот на Милан ставија точка на натпреварот.
Сантијаго Хименез му асистираше на Жоао Феликс, кој го постигна третиот гол за Милан.
Противник на Милан во финалето ќе му боде победникот од дулот Лацио – Интер.