Спорт
Американски бизнисмен го купува Евертон
Американскиот бизнисмен Џон Текстор (58) влегол во преговори за купување на поголемиот дел од сопственичкиот пакет во премиерлигашот Евертон.
Актуелен сопственик на клубот од Ливерпул е иранско-британскиот бизнисмен Фархад Мошири (69), кој поседува 94 отсто од акциите на „Карамелите“. Мошири е на чело на Евертон од 2016 година.
Претходните обиди за продажба на клубот беа неуспешни поради постојаните долгови, кои беа највисоки во периодот од 2019 до 2023 година и изнесуваа 500 милиони евра.
Премиерлигата го казни Евертон со одземање на вкупно осум бода токму поради тоа што клубот ги прекрши прописите на лигата за профитабилност и одржливост.
Текстор сега е подготвен да се справи со сите проблеми во кои се наоѓа клубот, делумно и поради фактот што инвестираше во изградба на новиот стадион.
Неговото отворање е планирано за почетокот на сезоната 2025/2026.
Текстор, пред каква било реализација на откупот на акциите од Мошири, ќе мора да го продаде целиот свој удел во Кристал Палас, каде што има косопственичка улога во управувањето преку компанијата „Игл Фудбал Груп“.
Премиер лигата не дозволува еден човек да има сопственот во два клуба.
„Евертон го претставува најдоброто од англискиот фудбал: борба, слава и желба“, рече Текстор уште во мај кога покажа интерес за го купи монзинскиот пакет акции.
Овој бизнисмен има неколку клубови во своето портфолио ширум светот: Ботафого во Бразил, белгиски Моленбек, Кристал Палас и француски Лион со кои управува преку компанијата „ОЛ Груп“.
Евертон наскоро би можел да биде новиот клуб во неговата фудбалска империја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

