Спорт
Аморим: Не сум загрижен за мојата позиција, ме загрижува позицијата на табелата
Манчестер јунајтед во Лондон, против Тотенхем, го доживеа 12.пораз во Премиер лигата од почетокот на сезоната.
Тотенхем победи со голот на Џејмс Медисон постигнат во 13.минута.
На прашањето дали е загрижен за својата позиција поради лошите резултати, менаџерот на Јуанјтед Рубен Аморим рече:
„Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, ги разбирам луѓето и медиумите кои размислуваат за тоа. Сакам да го завршам првенството на вистински начин, не сум загрижен за себе, за клубот, за играчите, за тимот. Мразам да губам, тоа е најлошото чувство. Не размислувам за други работи. Она што најмногу ме загрижува е нашата позиција на табелата. Не се грижам за себе“, нагласи Аморим.
Манчестер јунајтед моментално е на 15. место во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Играч на „Брегалница“ нападнат за време на натпревар, приведен 36-годишник од Арачиново
Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“.
Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Спорт
(Видео) Пол Погба повторно игра фудбал
Пол Погба по пауза од 811 дена, односно по две години, два месеци и 19 дена, му се врати на фудбалот. .
Поранешниот француски репрезентативец, последен пат беше на теренот во дресот на Јувентус, одигран на 3 септември 2023 година против Емполи, по што беше суспендиран поради позитивен допинг тест и првично беше суспендиран од професионалниот фудбал четири години.
Неговата казна подоцна беше преполовена, па некогаш фантастичниот играч од средниот ред му се врати во фудбалот на 33-годишна возраст, овој пат како играч на Монако.
Тренерот на Монако, Себастијан Фоконоли го внесе Погба во игра во 85-та минута од натпреварот од француското првенство, во кој нивниот тим беше убедливо поразен. Со десетмина на теренот, во тој момент Монако веќе губеше со 4:1 на гостински терен од Рен.
Останува да се види дали овие минути ќе значат големо враќање во фудбалот за светскиот шампион од Мундијалот во Русија 2018 година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Џејмс Харден го растури Шарлот
Лос Анџелес Клиперс ги победија Шарлот Хорнетс со 131:116 во европскиот термин.
Нaтпреварот во Шарлот го обележа ветеранот Џејмс Харден. 36-годишникот постигна 55 поени.
Харден влезе во историјата на франшизата, само во првата четвртина постигна 27 поени. Ефемтот можеше да биде и подобар доколку не промашеше две слободни фрлања во овој период од играта.
Тука не застана, постигна неверојатни десет тројки и 55 поени, а ова е 25-ти пат во неговата кариера да има натпревар со најмалку 50 постигнати поени.
Покрај 55 поени, Џејмс имаше и три скока и седум асистенции и само две изгубени топки.
Поддршка доби од Ивица Зубац со 18 поени, осум скока и шест асистенции, а двоцифрен ефект имаа и Брук Лопез и Коби Сандерс, двајцата постигнаа по 11 поени.
Во редовите на Шарлот најефикасен беше Кон Кнуепел со 26 поени, 21 постигна Брендон Милер, 19 Мајлс Бриџис.

