Спорт
Аморим прави чистка во Јунајтед, прв на удар Антони

Манчестер jунајтед, в недела кај Ипсвич ќе го има рестартот во сезоната. На клупата ќе дебитира новиот тренер Рубин Аморим.
Младиот португалски тренер го презеде Јунајтед во текот на репрезентативната пауза. Имаше доволно време да ги скенира состојбите. Англиските медиуми тврдат дека нема да смета на некои играчи. Прв на удар е Антони.
Бразилецот не оправда ни трошка вложеното. Јунајтед за него на Ајакс му плати 90 милиони евра.
Извесно е дека тој во зимскиот преоден рок ќе замине од клубот, веројатно ќе оди на позајмица.
Според медиумите во Англија, Бешикташ е подготвен да го доведе крилниот напаѓач.
Турскиот клуб се бори за врвот на табелата со двата најголеми ривали Галатасарај и Фенербахче, па во Ентони гледа можност да го засили нападот предводен од Чиро Имобиле.
🚨 Besiktas are ready to make an offer to sign Antony on loan this January! ✍️🇧🇷
(Source: @aspor) pic.twitter.com/lrvqU8udIN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 22, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.
Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.