Спорт
Аморим за Рашфорд: Попрво би го ставил тренерот на голманите во игра

Манчестер јунајтед славеше синоќа на „Крејвен Котиџ“ против Фулам (0:1), а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа.
Рубен Аморим по којзнае кој пат по натпреварот проговори за англискиот репрезентативец, а овој пат на медиумско прашање со својата изјава го понижи поранешниот англиски репрезентативец.
„Попрво би го ставил тренерот на голманите Витал во игра отколку играч кој не го дава максимумот секој ден. Кој не го дава најдоброто од себе на тренинзите, во животот, во секој детаљ“, изјави Аморим.
Откако Португалецот пристигна во Манчестер јунајтед, Рашфорд повеќе време минува на трибините откулно со тимот. Во тек се преговори за неговата иднина во клубот, а Барселона и Борусија Дортмунд се заинтересирани за крилниот напаѓач.
🚨💣 Rúben Amorim on Rashford: “I’d put the goalkeepers coach Vital before I put a player who does NOT give the maximum every day…
…in training, in life, every detail”.@BeanymanSports 🎥 pic.twitter.com/UrjdZhKfwI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 26, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос го одбрани домашниот терен од Реал

Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77:71 (15:25, 23:13, 19:16, 20:17), па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир.
Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика во првиот период, кој го добија со 25.15. Олимпијакос се врати во натпреварот во втората четвртина, на полувреме резултатото беше 38:38.
Реал подобро влезе во третата четвртина, стекна предност од седум поени и тука застана. Олимпијакос од финишот на третата и првите четири минути во последната четвртина со серија 19:2, од -7 дојде до +10.
И повторно Реал успеа да фати приклучот, зонската одбрана им направи проблеми на домашните кошаркари, а реал предводен од Марио Хезоња се доближи на 67:64 на две минути до крајот.
Овој налет го одбија Алекс Питерс и Најџел Вилијамс-Гос со две тројки. Олимпијакос стекна предност од девет поени и тука беше крајот заРеал.
Стандардно, најефикасен кај Олимпијакос беше Саша Везенков со 22 поени, Еван Фурние одигра одлично и постигна 17 поени (9/10 од линијата за слободни фрлања). Единствен расположен кај Реал беше Хезоња со 22 поени и осум скока.
Следниот натпревар на програмата е во среда во Мадрид.
Спорт
Монако ја победи Барселона, победа го дели од настап на завршниот турнир

Кошаркарите на Монако поведоа со 2:0 во плејоф серијата против Барселона. Во вториот натпревар, кошаркарите на Монако победија со 92:79.
Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима, кој Монако го доби во своја корист и сега се само на една победа од пласман во новиот фајналфор од Евролигата.
Ова беше натпревар на Мамаду Жаите, кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата. Без промашување постигна 20 поени. Алфа Диало имаше еден поен повеќе, додека Џордан Лојд постигна 13 поени. Стразел постигна двоцифрен број поени со 12, додека Ели Окобо го заврши натпреварот со 11 поени и осум асистенции.
Мајк Џејмс не беше на негово ниво, постигна само пет поени.
Кај Барселона, Џабари Паркер имаше 16 поени и девет скока, додека Кевин Пантер постигна четири тројки и вкупно 14 поени.
И навистина, овој исход и овој резултат во серијата по два натпревари е неверојатен, бидејќи Барселона победи во двата натпревари во лигашкиот дел од Евролигата.
Во среда во Блауграна, Барселона ќе биде домаќин во третиот натпревар. .
Спорт
Капитенот на Евертон ја заврши сезоната

Капитенот на Евертон, Џејмс Тарковски, нема да игра фудбал до крајот на сезоната.
Тој ја повреди тетивата на натпреварот против Манчестер Сити (0:2) и ќе мора да биде опериран.
Менаџерот на „Карамелите“, Дејвид Мојес, изјави дека закрепнувањето на Тарковски (32) би можело да влијае и на подготовките на Евертон за следната сезона.
„Тарки имаше огромно влијание врз нашите добри игри оваа сезона“, рече Мојес.
Откако пристигна во Евертон во јули 2022 година, играчот не пропуштил ниту еден натпревар од Премиер лигата.
Мојес рече неиграњето на капитенот во последните пет натпревари ќе биде „голем удар“.
Евертон моментално е на 13-то место на табелата во Премиер лигата со 38 бода и нема да има никаков натпреварувачки императив на крајот од сезоната, бидејќи не можат да одат во Европа, а обезбедија опстанок.
Во сабота, Евертон ќе го пречека Челзи.