Спорт
Анчелоти им се заблагодари на Бразилците и потврди дека Реал нема да купува во зимскиот преоден рок
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри дека клубот не планира да доведе нов стопер во зимскиот преоден рок. Реал оваа сезона има многу проблеми со повреди на дефанзивците, бидејќи надвор од терените се Давид Алаба и Едер Милитао.
„Нема да купуваме стопер. Ги имаме Начо Фернандез и Антонио Ридигер. Аурелиен Чуамени и Даниел Карвахал можат да играат и како централни дефанзивци. Повторувам дека нема да купуваме ниту еден дефанзивец во јануари“, изјави Анчелоти на прес-
конференција, пренесува официјалната веб-страница на клубот.
На крајот на минатата година Анчелоти го продолжи договорот со Реал до јуни 2026 година.
„Занете дека преговарав со бразилскиот фудбалски сојуз. Горд сум што сакаа да ја предводам нивната репрезентација. Сепак, факт е дека ги држев на „стендбај“ додека чекав Реал да ми понуди нов договор. Им благодарам на Бразилците за разбирањето, бидејќи ја прифатив понудата на Реал. Исто така, горд сум што Реал сакаше да го продолжувам договорот пред истекот на мојот стар договор“, изјави италијанскиот стручњак.
Реал утре еќ го одигра првиот натпревар во 2024 година. Во Мадрид ќе гостува Мајорка од 19:15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Севилја има нов тренер
Франциско Хозе Гарсија Пимиента (49) е избран за нов шеф на стручниот штаб на Севилја, соопшти клубот од Андалузија. Пимиента потпиша едногодишен договор со опција соработката да биде продолжена.
Пимиента на „Рамон Санчез Писхуан“ доаѓа од Лас Палмас со кој раководеше последните две сезони. Тој на клупата ќе го замени Кике Санчез Флорес, со кого Севилј минатата сезона ја заврши на 14. место со 41 бод, осум повеќе од зоната за испаѓање.
Овој 49-годишен Каталонец кариерата ја започна во младинската школа на Барселона, потоа го предводеше вториот тим на Барса, а од 2022 година се пресели во Лас Палмас. Со тимот избори промоција во Примера, а во штотуку завршената сезона избори опстанок во лигата.
Како фудбалер започна во Барселона, ги помина сите возрасни категории во Ла Масија, а откако не доби шанса во првиот тим, играше за Екстремадура, Фигуерас, Л’Хоспиталет и Сант Андреа, каде на 29-годишна возраст ја заврши кариерата.
Спорт
(Видео) Навивачите ги построија фудбалерите на Фиорентина
Фудбалерите на Фиорентина, во Бергамо ја победија Аталанта со 3:2, во натпреварот од 29. коло на италијанската Серија А. Овој натпревар беше последен во Серија А оваа сезона.
Победата не беше доволна да ги задоволи навивачите на Фиорентина, кои по мечот ги построија играчите на теренот.
Фудбалерите мораа да ги слушаат навредите на бесниот предводник на навивачката група.
Веројатно, навивачите на „виола“ беа незадоволни од неодамнешниот пораз во финалето на Конференциската лига од Олимпијакос во Атина (0:1).
Фиорентина сезоната ја заврши на осмото место со 60 бодови и следната сезона повторно ќе игра во Конференциската лига.
Аталанта заврши на четвртото место со 69 бодови и ќе игра во Лигата на шампионите.
Confronto tra gli ultras della #Fiorentina e i giocatori viola (col capitano Biraghi in testa) al termine dell’ultima gara stagionale a Bergamo. “Rispettate la nostra maglia” il coro dei tifosi viola. @repubblica pic.twitter.com/nn4HhYG2NU
— Matteo Dovellini (@MatteoDovellini) June 2, 2024
Спорт
Мареска го потпишал договорот со Челси
Поранешниот менаџер на Лестер, Енцо Мареска, договорил петгодишен соработка со Челси, објави инсајдерот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Според новинарот, Челси во наредните денови официјално ќе го претстави новиот тренер.
Спортските директори на Челси, Пол Вајнстанли и Лоренс Стјуарт отпатуваа во Марбела на разговори со Мареска откако Лестер даде зелено светло. Откупната клаузула во неговиот договор е помеѓу 8 и 10 милиони фунти.
Италијанецот оваа сезона со Лестер ја освои шампионската титула во Чемпионшип и се пласираше во Премиер лигата. Освен во Лестер како тренер, работеше и во резервниот тим на Манчестер сити и во Парма. Една сезона му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
Мареска на клупата ќе го замени Маурисио Покетино, кој го напушти клубот на крајот од сезоната.