Спорт
Анчелоти (повторно) преговара со Фудбалската федерација на Бразил

Карло Анќелоти (65), еден од најтрофејните тренери во историјата, кој го предводи Реал, повторно преговара со Бразилската фудбалска федерација за преземање на националниот тим. Ова го објави бразилскиот медиумски гигант „Глобо“.
„Анчелоти побара да не се разговара за конкретни работи пред завршувањето на Светското клупско првенство, кое завршува во средината на јули“.
Информациите на Бразилците ги потврди и шпански „Релево“: „Бразил повторно стапил во контакт со Анчелоти. Евентуален трансфер би се случил по Светското клупско првенство“.
Анчелоти е долгогодишна желба на Бразил, уште од Светското првенство во 2022 година, кое „кариоките“ го заврши во четвртфиналето. Оттогаш Бразилците неуспешно се обидуваат да ангажираат големо тренерско име, а репрезентацијата цело ова време бележи слаби игри и резултати, што е видливо и во актуелните мундијалски квалификации.
Бразилската федерација веќе преговараше со Анчелоти, но тој остана во Реал. Ова е негов втор ангажман во клубот и започна во летото 2021 година. Првиот траеше од 2013 до 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Кен е во ѓивотна форма, и пресуди на Аталанта

Фиорентина ја совлада Аталанта со 1-0 во 30. коло во Серија А со голот на Мојс Кен.
Решавачкиот момент се случи во 45. минута, кога Кен го постигна 16. гол во сезоната.
Освен што е негов најдобар голгетерски учинок во една сезона од почетокот на кариерата, тоа е и најдобриот учинок на играч на Фиорентина од сезоната 2013-2014.
Фиорентина моментално е осма на табелата и продолжува да се бори за место во европските натпреварувања.
Аталанта е на третата позиција, а интересно е што ова им е прв пораз на гости по третото коло и мечот против Интер во август. Веројатно со овој пораз Аталанта испадна од трката за шампионската титула.
Спорт
Дејан Георгиевски најдобар на Г1 турнирот за таеквондо во Скопје

Сребрениот олимпиец постигна нов успех! Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје.
Тој се натпреваруваше во финалето со Германецот Куцуесунхур. Водеше 2-0, а во втората рунда неговиот противник ја предаде борбата.
Г1 турнирот се бодува за олимписка норма, што на Георгиевски му го отвора патот за учество на следните Летните Олимписки игри во Лос Анџелес.
Спорт
(Видео) Леганес: Ограбени сме против Реал на „Бернабеу“

Реал Мадрид синоќа со многу мака го победи Леганес со 3:2. ПО мечот од Леганес тврдат дека се ограбени на „Сантијаго Бернабеу“. Дека се во право говори и оценката што ја доби од судиската комисија, главниот арбитар. Пабло Гонзалес доби чиста единица.
Неколку спорни ситуации имаше на овој натпревар и впечаток е дека сите беа на штета на Леганес.
Прашање е дали против Реал би бил досуден панал каков пто Гонзалес досуди по контактот меѓу Оскар Родригес и Арда Гулер. Мбапе постигна гол за 1:0. Во 76.минута, од неколку агли се забележува дека Тапија одигра со топката, а Родриго паѓа преку него. Гонзалес досуди слободен удар, а Мбапе, благодарение на лошата реакција во живиот ѕид погоди за 3:2.
💭 La Liga is corrupt. They called this a penalty for Real Madrid despite the Leganes player getting to the ball first.
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) March 29, 2025
Gol de Mbappé de falta inventada, 3-2.
La Liga más adulterada del mundo.#RealMadridleganes pic.twitter.com/nJ95FqowFR
— Zona Blaugrana (@Zona_Blaugrana) March 29, 2025
Од Леганес го потенцираат и стартот на Раул Асенсио во финишот на натпреварот кога ја промаши топката и го закачи противничкиот играч.
🚩❌ Es la misma acción que le hacen a Rodrygo pero dentro del área, toca balón y a Diomande.
🤐 Aquí en cambio NO HAY NADA. Es escandaloso que cuando se arbitra en contra del Madrid, existan otras reglas.#RealMadridLeganés #RealMadrid #ROBO pic.twitter.com/tuYLFYoic4
— Antonio Blesa (@antonioblesa_) March 29, 2025