Спорт
Анчелоти за помошник донесе тренер од англиската Трета лига
Карло Анчелоти (65), според англиските медиуми, повлече шокантен потег. Искусниот Италијанец во својот стручен штаб го донесе помошникот тренер во англискиот третолигаш Стокпорт Каунти.
Станува збор за 38-годишниот Енди Менген, кој беше член на стручниот штаб на над 300 натпревари во третото, четвртото и петтото ниво на англискиот фудбал.
Менген е поранешен напаѓач, кој ја заврши својата кариера во 2018 година. Настапуваше за десет клубови, а во кариерата одигра 425 натпревари и постигна 118 гола.
Никогаш во кариерата не играч на повисоко ниво од Третата лига.
Англиските медиуми пренесуваат дека Менген е близок пријател со Давиде Анчелоти (35), синот на Карло Анчелоти, кој исто така е дел од стручниот штаб на Реал Мадрид.
Тие двајца заедно ги земаа тренерските лиценци, па освен што се пријатели се и поранешни школски другари. Кога Менген ќе ја добие работната дозвола за Шпанија, ќе му се приклучи на стручниот тим на Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролигата го казни Монако, не може да регистрира нови играчи
Евролигата објави дека го казнила Монако за кршење на правилата за финансиски фер-плеј.
Како што е наведено, врховното тело на елитното клупско натпреварување на Стариот континент одлучи за оваа мерка поради прекршување на членовите 32(а), 32(в) и 32(е).
Станува збор за прекршувања поврзани со пречекорување на платите, како и ненавремено обезбедување на потребната документација и недостаток на соработка од страна на Комисијата за контрола и спроведување на финансиски фер-плеј.
Францускиот претставник беше казнет со 300.000 евра и му беше забрането да регистрира нови играчи и тренери. Забраната останува на сила додека не се решат спорните прашања.
Монако моментално е дел од четвртото место во Евролигата со осум победи и пет порази.
Спорт
Фетел: Напредокот на Макс е застрашувачки
Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, зборуваше со пофални зборови за Макс Ферстапен, актуелниот шампион во најбрзиотциркуз.
Како и Холанѓанецот, Германецот еднаш освои четири поврзани титули за Ред Бул.
Фетел нема сомнение дека Макс сигурно ќе го надмине по бројот на пехари.
„Страшно е колку Макс се подобрува секоја година. Сите знаеме колку е добар, но секогаш сака повеќе. Гладен е, со огромна желба да учи“, рече Фетел.
Ферстапен е повторно во конкуренција за титулата оваа година, иако според експертите, имал далеку полош болид од Мекларен поголемиот дел од сезоната.
„Макс сега е пред Норис и Пјастри. Причината е јасна. Тој знае како се освојуваат титули. Од друга страна, сите знаеме каков борец е. Нема да им биде лесно на двата Мекларена да го сопрат“, рече Фетел.
До крајот на шампионатот остануваат уште две трки плус една спринт трка. Следната станица е Катар. Трката е закажана за недела, 30 ноември. Шампионатот традиционално завршува во Абу Даби.
Ландо Норис во генералниот пласман има 24 поени повеќе од тимскиот колега и Холанѓанецот, може да стане шампион во Катар, доколку освои два бода повеќе од Пјастри и Ферстапен.
Спорт
Атлетико ја одреди цената за Конор Галагер
Конор Галагер ќе може да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.
Новинарот, Матео Морето, кој ги следи случувањата во Атлетико, денес потврди дека Англичанецот има дозвола да преговара со други клубови, доколку некој е подготвен да плати 30.000.000 евра.
Тој пристигна како големо засилување од Челзи во летото 2024 година за 42.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата.
Оваа сезона, кај Диего Симеоне најчесто е резерва, одигра 17 натпревари, но на теренот мина само 550 минути.
За Галагер има интерес во Премиер лигата, во финишот на летниот преоден рок се поврзуваше со Њукасл. Во Премиер лигата има за Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, пред да ја докаже својата вредност во Челзи.
Галагер има 25 години и се надева дека ќе може да му се наметне на тренерот Томас Тухел да го врати во националниот тим пред Светското првенство во 2026 година.

