Спорт
Андреас Бреме не знаеше дека ја објави сопругата гола на интернет
Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме, кој беше стрелец на победничкиот гол од пенал за освојување на трофејот на СП 1990 година против Аргентина со Диего Марадона, се најде во фокусот на вниманието откако направи бизарна грешка и на целата јавност го покажа голото тело на својата сопруга.
Бреме, кој е веќе сериозно возрасен и веројатно не ракува најдобро со новите технологии, сакајќи да му посака среќен роденден на свој пријател преку социјалните мрежи, објави во јавноста видео од својата гола сопруга.
Неговата 56-годишна партнерка Сузан Шефер осамна со голи гради во видеото.
„Дознавме дури кога ми се јавија некои пријатели. Немам поим како се случи ова, но сигурно некој го објавил на интернет. Добро, сега целиот свет знае каква прекрасна сопруга имам! Тоа не требаше да се случи, но што можам сега, освен да се насмеам“, изјавил Бреме за „Билд“.
This should bring a smile to even the most miserable person. 1990 World Cup winner Andi Brehme doing one of them tacky video messages. Watch to the end. 😂 pic.twitter.com/B3FJs1eW5i
— Chico Yildirim Beste Mann 🥶 (@henningwehn) March 27, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Азербејџан архивиран, кошаркарите се насочија кон Република Ирска
Македонија имаше успешен почеток на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Македонија го победи Азербејџан со 87:49.
Убедливиот триумф ќе им ја зголеми самодовербата на кошаркарите, пред гостувањето во Даблин кај Република Ирска.
„Ова беше заслужена победа. Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого. Но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично, и тоа што го покажаа на теренот и го покажува и семафорот, е заслужено. Овој дуел со Азербејџан го забораваме и архивираме и останува да се спремиме за она што ни следи – Ирска.
Мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа и се повозрасни. Мора да функционираме со енергија на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални“.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
„На овој меч играше Омари Мур затоа што има промена во нивниот тим кај натурализираните играчи, па ние решивме да користиме играч на бековската позиција. Секако дека Мур ги оправда очекувањата на стартот, иако дојде веднаш по мечот со Баерн.
Се вклопивме добро, и станува збор за вистински професионалец и позитивна личност. Можеби јавноста очекуваше дека ќе се случуваат атракции и многу поени, сепак, тој донесе стабилност и ја држеше целата екипа со искуството кое го носи со себе. Добро ја постави својата игра и си ја заврши задачата“, рече по натпреварот селекторот Илиевски.
Спорт
Иран ќе ја бојкотира ждрепката за Светското првенство
Иран одлучи да го бојкотира извлекувањето на групите за Светското првенство во фудбал во 2026 година откако САД одбија да им издадат визи на неколку членови на нивната делегација, објави во петокот Иранската фудбалска асоцијација.
Извлекувањето на групите за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада следното лето, ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон.
„Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки не се поврзани со спортот и дека членовите на иранската делегација нема да учествуваат на извлекувањето на Светското првенство“, објави портпаролот на Иранската фудбалска асоцијација на државната телевизија.
Локалните медиуми јавуваат дека претседателот на Иранската фудбалска асоцијација, Мехди Таџ, како и извршниот директор на националниот тим, Мехди Харати, се меѓу службените лица кои не добиле виза. Иранската новинска агенција Тасним објави во октомври дека Американците одбиле визи за вкупно седум ирански службеници.
Иран се наоѓа во вториот шешир пред ждрепката извлекувањето, заедно со Хрватска,
Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Иранците учествувале шест пати на светските првенства и никогаш не ја поминале групната фаза.
Foto/ EPA
Спорт
Гут-Бехрами ја заврши сезоната поради повреда
Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами ја заврши сезоната поради сериозна повреда на левото колено, објави Скијачката федерација на таа земја.
Гут-Бехрами се повреди минатата недела за време на тренингот за супер велеслалом на Копер Маунтин, во Соединетите Американски Држави. Таа ќе биде оперирана во текот на следната недела.
34-годишната скијачка, која има 48 победи во Светскиот куп, планираше да се пензионира на крајот од оваа олимписка сезона.
Гут-Бехрами, сега, ја остава „својата иднина отворена“.
Швајцарката ја заврши минатата сезона на второто место во генералниот пласман, а новата сезона ја започна со освојување на третото место во велеслалом во Зелден, што беше нејзин 101-ви подиум во кариерата.
„Верувам дека повредата на коленото, колку и да е сложена, не може да се смета за трагедија“, рече Гут-Бехрами во соопштение, во кое ги истакнува неодамнешните смртни случаи на млади скијачи повредени за време на тренинг.

