Спорт
Англичаните великани тргнаа по Конате

Фудбалскиот клуб Лајпциг во летниот преоден рок е подготвен да го продадe и вториот централен дефанзивец Ибрахим Конате. Овој 21-годишник е партнер во одбраната со Дајот Упамекано, кој од наредната сезона ќе игра за Баерн.
Контае го привлече вниманието на англиските клубови, според медиумите покрај Арсенал и Ливерпул, во трката за неговиот потпис се вклучил и Челси.
Лајпциг нема да се противат на трансферот, но тој нема да биде помал од 50 милиони евра.
Конате, пред три и пол години, од Сошо се пресели во Лајпциг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Суперлигата ја напушти и главниот финансиер

Американската банка, Џеј-Пи Морган, едена од најмоќните финансиски институции во светот, се повлече од европската Суперлига.
„Очигледно е дека погрешно ја проценивме ситуацијата“, известиле од банкарскиот гигант, кој требаше да биде главниот финансиер на експресно пропадната Суперлига.
Њујорк тајмс, објави дека Џеј-Пи Морган, требаа да го финансираат проектот со 3,5 милиојарди евра. Секој од клубовите за влез во Суперлигата требало да добие по 350 милиони евра. Ова е четири пати поголема сума, од онаа што ја доби Баерн Минхен кога лани ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Европската Суперлига, во неделата, ја формираа три шпански (Реал, Атлетико, Барселона), три италијански (Јувентус, Интер, Милан) и шест англиски клуба (Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул).
Под притисок на навивачите, јавноста и некои Влади, најпрвин Суперлигата ја напуштија клубовите од Англија, а потоа истото го направија Милан, Атлетико и Интер.
Споменатите 12 клубови, заедно со уште три засега неименувани клуба, требаа да му се приклучат на проектот, со кој би управувале 15 клубови. Дополнителни пет клуба, според резултатите во националните првенства, би добиле покани да учествуваат во Суперлигата.
Спорт
Роналдо сака да се врати во Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо се наоѓал во искушение да се врати во својот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, пишува „Газета дело Спорт“. Според овој извор, тој бил подготвен во Јунајтед да игра за помала плата од онаа што ја заработува во Јувентус.
Кристијано Роналдо, во Јувентус, годишно заработува 31 милиони евра, но во Манчестер јунајтед би играл и за 20 милиони евра. Ова значи дека тој би се откажал од 11 милиони евра, бидејќи со Јувентус има договор и за наредната сезона.
„Газета дело Спорт“, пишува, дека Португалецот не бил среќен во Јувентус. Не му се допаѓале многу работи што се случиле во клубот, во последните 12 месеци. Сакал да се врати во Јунајтед, бидејќи неодамно менаџерот Оле Гунар Солскјер изјавил дека би сакал Роналдо да се врати на „Олд Трафорд“.
Спорт
Куман го понижи Мингеза
Роналд Куман и неговото однесување на натпреварот со Хетафе, денес се анализира во шпанските медиуми. Барселона, со два гола во финишот убедливо го порази Хетафе со 5:2, меѓутоа медиумите го истакнуваа бесот на Куман, во средишницата на второто полувреме, кога Хетафе го намалија резултатот на 3:2.
Тренерот на Барселона, му се налути на Мингеза, откако во еден напад тој ја напушти својата позиција во одбраната и тргна во напад.
Куман, луто му сугерираше дека играат со тројца во одбраната, дека не треба да оди толку напред, а потоа го извади Мингеза. На неговото место на теренот влезе Самуел Умтити.
Потоа кога Мингеза дојде до клупата, му пушти рака на тренерот, овој најпрвин го игнорираше, а по неколку секунди сепак се ракуваше со својот фудбалер.
Медиумите пишуваат дека Куман не се однесувал како тренер на голем клуб, каков што е Барселона.
كومان ومينغويزا بعد خروجه 👀👀👀👀 pic.twitter.com/0Ql5lxP9b9
— FÇB Media (@waite_dion) April 22, 2021
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?