Спорт
Англиски фанови по шест месеци ќе гледаат фудбал во живо

На среќни 2.500 фанови ќе им биде дозволено да го гледаат пријателскиот меч на „Ејмекс“ стадионот на Брајтон помеѓу нивниот клуб и Челси во сабота, што ќе биде прв фудбалски меч со публика во Англија по шест месеци.
Ова е дел од тест-проектот на англиската влада за постепено враќање на публиката на спортските натпреварувања, откако првата фаза започна со финалето на Светското првенство во снукер во Шефилд на 15 и 16 август.
Доколку нема проблеми, процесот на повторно пуштање на фановите ќе продолжи и во септември, со можност за целосно отварање во октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Оклахома го возврати ударот

Кошаркарите на Оклахома израмнија на 1:1 против Индијана во финалето на НБА лигата, откако победија со 123:107 на својот терен во ноќта помеѓу недела и понеделник.
За разлика од првиот натпревар во кој водеа 47 минути и 59 секунди и го испуштија триумфот, овој пат Тандер без и најмал проблем славеа победа.
По првата четвртина имаа плус шест, а на пауза заминаа со предност од 18 поени (59:41).
Во вториот дел ја одржаа својата предност и ја доведоа работата до крај без поголеми тешкотии. Во ниту еден момент Индијана не го намали водството на помалку од 15 поени.
Шеј Гилџес-Александер постигна 34 поени со пет скока и осум асистенции, Алекс Карусо имаше 20, Џејлен Вилијамс имаше 19, а Вигинс имаше 18 поени.
Во редовите на Индијана, Тајрс Халибартон, херојот на првиот натпревар, постигна 17 поени, а искусниот Тарнер имаше 16 поени.
Третиот натпревар ќе се игра во Индијана ноќта помеѓу среда и четврток во 2:30 часот наутро. Титулата ќе ја освои тимот што прв ќе стигне до четири победи.
Спорт
Олимпијакос ја освои титулата во Грција

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.
Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.
Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.
Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85:71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.
Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.
Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.
Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.
Спорт
(Видео) Мората трагичар, Португалија ја освои Лигата на нации

Португалската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации за оваа година по подоброто изведување на пенали во финалето против Шпанија.
Ова е втор пат Португалците да го освојат ова натпреварување, тие беа победници на првото, а сега станаа првата репрезентација што го освоила купот двапати.
Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 2:2, а Португалците пенал серијата ја добија со 5:3.
Шпанците два пати имаа предност, со головите на играчите на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал, Португалците се враќаа во натпреварот преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.
Трагичар во пенал серијата беше Алваро Мората, чии удар во четвртата серија го одбрани Диого Кошта.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен левиот бек на Португалија, кој на 31.мај со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Нуно Мендеш.